Header Ads

12 различни архетипи на личност

Најпрво да објасниме што значи "архетип". Тоа е збор кој потекнува од два антички грчки зборови, односно archein, што значи оригинален или стар, и зборот typos, што значи модел или тип. Комбинираното значење на овие два збора е "оригинален модел", од кој сите останати луѓе, објекти или концепти се добиени. Па така во овој пост ќе зборуваме за 12 архетипи, или типови, на личност.
Психологот Carl Gustav Jung го користел овој концептот во неговите теории за човековата психа. Тој верувал дека универзалните, митските карактери, односно архетипи, живеат во колективната потсвест на луѓето во целиот свет. Архетипите ги претставуваат основните човекови мотиви, и ги будат нашите најдлабоки емоции.
И покрај тоа што постојат многу различни архетипи, Jung дефинирал дванаесет примарни типови кои ги симболизираат основните човечки мотиви.Секој тип има свој сет на вредности, значење и особини на личноста. Исто така овие 12 архетипи на личност се поделени на три групи од по четири типа, именувани како Его, Душа и Јас. Типовите на личност во секоја група делат слични мотиви.
Повеќето луѓе , ако не и сите, имаат неколку архетипи кои се појавуваат во нивната личност, но како и да е еден архетип секогаш доминира над другите. Еве ги основните архетипи на луѓе.



ЕГО типови

1. Невиниот

Мото: Слободни да бидеме јас и ти
Основна желба: Да се отиде во рајот
Цел: Да се биде среќен
Најголем страв: Да се биде казнет за нешто лошо или погрешно
Стратегија: Да се прават правилните нешта
Слабост: Досадни за целата нивна наивност
Талент: Верба и оптимизам
Невиниот е уште познат како: традиционисти, наивниот, мистик, светец, романтик, сонувач


2. Сиракот

Мото: Сите мажи и жени се создадени еднакви

Основна желба: Поврзување со другите
Цел: Да се припаѓа
Најголем страв: Да бидат отфрлени од мнозинството
Стратегија: Да развие доблести и да биде спуштен на земјата
Слабост: Губење на самиот себе си, во обид да се вклопи во мнозинството
Талент: Реализам, емпатија
Сиракот е уште познат како: Добриот, тивкиот, секојдневниот


3. Херојот

Мото: Онаму каде има желба, има и начин

Основна желба: Да ја докажат сопствената вредност преку храбри постапки
Цел: Експерти за подобрување на светот
Најголем страв: Страв, слабост, да се биде кукавица
Стратегија: Да се биде силен и компетентен што е можно повеќе
Слабост: Арогантност, секогаш во потреба за нова битка
Талент: Компетентност и слабост
Херојот е уште познак како: Воин, крстоносец, суперхерој, змеј убиец, победник, тимски играч


4. Старателот

Мото: Сакај го својот сосед како самиот себе си

Најголема желба: Да ги штити и да се грижи за другите
Цел: Да им помага на другите
Најголем страв: Себичност и неблагодарност
Стратегија: Да се прават работи за другите
Слабост: Мачеништво и експлоатација
Талент: Сочувство и дарежливост
Старателот е уште познат како: Светец, родител, помошник и поддржувач


ДУШЕВНИ типови

5. Истражувачот

Мото: Не затварај ме
Најголема желба: Слобода да се најде самиот себе си преку истражување на светот
Цел: Да се искуси подобар, поисполнет живот
Најголем страв: Заробеност и внатрешна празнина
Стратегија: Патување, бегство од досадното, барање и испробување на нови нешта
Слабост: Бесцелно лутање, станување чудак
Талент: Автономија, амбиција, верност на душата
Истражувачот е уште познат како: Барател, индивидуалист, скитник

6. Бунтовникот

Мото: Правилата се направени за да се прекршат

Најголема желба: Одмазда или револуција
Цел: Да се поништи она што не работи
Најголем страв: Да се биде без моќ или некорисен
Стратегија: Да се уништи и наруши 
Слабости: Преминување на темната страна, криминал
Телент: Радикална слобода
Бунтовникот е уште познат како: Револуционер, див човек и чудак 



7. Љубовникот

Мото: Ти си единствениот/единствеата
Најголема желба: Интимност и искуство
Цел: Да се биде во врска со луѓето,работата и опкружувањето кое го сакаат
Најголем страв: Да се биде сам, несакан и непосакуван
Стратегија: Да постанат физичкки и емоционално попосакувани
Слабости: Надворешно режирани желби за да ги задоволат другите со ризик за губење на сопствениот идентитет
Телент: Стравственост, благодарност и посветеност
Љубовникот е уште познат како: Партнер, пријател,интимниот, тим-билдер


8. Креаторот

Мото: Она што може да се замисли, може да биде и направено
Најголема желба: Да создаде нешта со трајна вредност
Цел: Да се реализира визија
Најголем страв: Медиокритетски визии или извршувања
Стратегија: Развивање на артистички контроли и способности
Слабост: Перфекционизам и лоши решенија
Талент: Креативност и имагинација
Креаторот е уште познат како: Уметник, пронаоѓач, иноватор, музичар, писател и сонувач

ЈАС Типови
9. Будалата
Мото: Само еднаш се живее
Најголема желба: Да се живее во моментов со најголемо уживање
Цел: Да се има добро поминато време
Најголем страв: Да се биде досаден 
Стратегија: Играње, шалење да се биде забавен
Слабости: Несериозност и трошење време
Телент: Радост
Будалата е уште познат како: Измамник,џокер, комедијант

10. Мудрецот

Мото: Вистината ќе ве ослободи
Најголема желба: Да се најде вистината
Цел: Да се користат интелигенцијата и анализата за да се разбере светот
Најголем страв: Да се биде во заблуда или незнаење
Стратегија: Барање информации и знаење, рефлекција на самите себе си и разбирање на процесот на мислите
Слабост: Можност за студирање на нештата во детали, а никогаш да не се реагира
Талент: Мудрост и интелигенција
Мудрецот е уште познат како: Експерт, детектив, советник, филосов, академик, ментор, учител и сл.
11. Маѓионичарот
Мото: Јас правам нештата да се случат
Најголема: желба Разбирање на основните правила на универзумот
Цел: Остварување на соништата
Најголем страв: Ненамерни негативни последици
Стратегија: Развивање на визија и живеење со истата
Слабост: Постанување манипулативен
Талент: Пронаоѓање win-win ситуација
Маѓионичарот е уште познат како: Визионер, катализатор, шаман, харизматичен лидер и исцелител
12. Владетелот
Мото: Моќта не е се, таа е единственото нешто
Најголема желба: Контрола
Цел: Да се создаде просперитетно семејство и заедница
Стратегија: Вежбање моќ
Најголем: страв Хаос и симнување од власт
Слабост: Неможноста за делегирање
Талент: Одговоност и лидерство
Владетелот е уште познат како: Газда, аристократ, крал, политичар, менаџер и администратор

Извор:
themindsjournal.com