Header Ads

Најпосетуваните дестинации за 2015 година - Trip Advisor

Trip Advisor ја објави листата на најпосетувани дестинации за 2015 година. 25 дестинации победници на награда од светските патувачи и авантуристи. За повеќе информации слободно можете да го посетите Trip Advisor, кој за секоја од дестинациите победници нуди и туристички водач, вклучувајќи многу различни предлози, активности, места за посетување, хотели, ресторани и се што еден турист би можело да го интересира. 

1. Marrakech, Morocco






















На прво место, од листата на корисниците на Trip Advisor, како најдобра дестинација за 2015 година се издвои градот Marrakech во Мароко. Истиот е познат и како "Red City" ("Црвен град") и претставува магично место исполнето со пазари, градини, палати и џамии. Истражувањето на старата Mdina пружи уникатно уживање, Jardin Majorelle е една од најфасцинантните градини која пружа чувство на мир. Штета е за припадниците на секоја друга религија на кои не им е овозможен влез во џамиите. 

2. Siem Reap, Cambodia











Кога утринската светлина ќе се појави над храмот Angkor Wat, изгрејсонцето над Siem Reap се претвора во настан кој мора да се проследи. Овде се наоѓа еден од најстарите верски храмови во светот, кој во себе крие античка структура. Овој храм и кралскиот град Angkor Thom кој потекнува од 12 век се едни од најголемите атракции, но и покрај тоа Камбоџа има многу да понуди.

3. Istanbul, Turkey
















Џамиите, пазарите и турските познати бањи. За нас доста познато, за светот воодушевувачки. Istanbul градот кој може да те проголта. Градот нуди прекрасна архитектура на чело со "Плавата џамија" која се гледа од различни делови од градот. Големата чаршија , Grand Bazaar, нуди огромен избор на продавници, таму буквално може да најдете се, додека пак египетската чаршија, Egyptian Bazaar, претставува ризница за овошје и зачини.

4.Hanoi, Vietnam













Станува збор за главниот град на Виетнам, Hanoi, кој античкото и модерното ги споил во едно. Големо богатство претставува стариот квартал, Old Quarter, кој е зачуван доста добро, и е една од најголемите туристички атракции. Виетнам нуди големо богатство, паркови, езера, повеќе од 600 храмови и прекрасна природа. 

5. Prague, Czech Republic














Ах, Прага (Prague), бохемска убавина и слика како разгледница. Ова е местото за сите оние кои сакаат да бидат импресионирани од културата. Слободно еден цел ден може да се посвети на истажување на замокот познат како Prazasky hrad. Уживајте во набљудување на стариот плоштат и замезете се во некоја чешка таверна.

6. London, United Kingdom












Накитената круна, Бекингемската палата, пазарот Camden.... и премногу други атракции. Во Лондон (London), историјата се судира со уметноста, модата, храната и доброто британско пиво. Еден совршен ден во Лондон е различен за секого, љубителите на културата не би смееле да ги пропуштат Кралската опера и Tate Modern, Љубителите на мода би требало да се прошетаат на Oxford Street. Преголем избор, таму секогаш и за секого има што да прави.

7. Rome, Italy


















Рим не бил изграден за еден ден, па со оглед на тоа еден ден поминат во овој безвременски град (Roma) не значи многу. Градот претставува збир на прекрасни колаж-плоштади, пазари на отворени и неверојатни историски места. Прекрасна кујна, сладолед и еспресо, и многу многу повеќе.

8. Buenos Aires, Argentina











Градот на тангото, Buenos Aires, како и самиот танц, волшебно, заводливо и со возбудлива енергија. Старите населби се полни со романтични ресторани и барови. Европското потекло на градот може да се препознае во неговите градби, булевари и паркови. Најстариот бар во градот Cafe Tortoni ќе ве врати дури во 1858 година.

9. Paris, France




















Што да се каже за Париз? Градот на светлината, градот на романтиката. И покрај терористичките напади, тој се најде меѓу првите 10 најпосетувани дестинации за 2015 година. Повеќе за убавините на Париз, проследете на овој линк.

10. Cape Town Central, South Africa




















Cape Town Central е град кој блеска во јужниот дел на африканскиот континент. Истиот го нуди уживањето од плажата Blaauwberg и националната ботаничка градина Kirstenbosch. Р'тот Добра Надеж нуди фасцинантни морски пејсажи, прекрасни патеки и средби со диви животни. Посетителите исто така можат да го посетат и островот Robben, каде Nelson Mendela поминал 27 години затвор.

Ова се 10 најпосетувани дестинации за 2015 година. За останатите 15 можете да прочитате повеќе на линков.

Извор:
http://www.tripadvisor.com/TravelersChoice-Destinations