Header Ads

Што значи да се биде хипи?

Јас верувам дека на сите ни е добро познат терминот хипи. Но, што всушност значи да се биди хипи? За многумина тоа претставува само синоним за одреден тип на луѓе, односно луѓе кои живееле во шеесетите и седумдесетите години на минатиот век, се дрогирале, ја сакале музиката и живееле за љубовта и мирот. Но, да погледнеме малку подлабоко во сето ова. Што е тоа што еден човек го класифицира како хипи?

Хипи луѓето патуваат
Да патуваш значи да го истажуваш светот, а да го истражуваш светот значи да се истражуваш себе си.
 Хипиците сакаат да патуваат, и тоа не како туристи, кои одат на некои дестинации да се одморат од работата, тие патуваат за да научат за различните култури, начин на живот, традициите на луѓето и да се стекнат со колку што е можно повеќе знаење. Во 60-тите годни хипиците патувале со автобуси, комбенца или само со ранец, од САД, до Европа и Азија, вклучувајќи ги Индија, Непал и Шри Ланка. Секако снаоѓајќи се и работејќи за да преживеат.

Тие ја сакаат музиката повеќе од се
Овие луѓе ја сакаат музиката и се креаторите на најдлабоката музика во минатиот век. Тие уживаат во различни жанрови како што се џезот, блузот и класичната индиска музика. Музичарите како што се Jimi Hendrix, Janis Joplin, Santana, Cream, The Beatles, CSNY и The Grateful Dead сеуште се слушани и имаат влијание врз милиони луѓе во светот, а фестивалите како што се Woodstock, The Monterey Pop Festival иThe Newport Folk Music Festival, и после 40 години сеуште не се заборавени.

Хипи луѓето уживаат во уметноста
Ова се креативни луѓе, Тие ги сакаат боите, бидејќи тие ги претставуваат љубовта и животот. Тие го сакаат шаренилото и психоделичната уметност ја пронашле на сите страни во уметничките галерии, на улиците, во нивната гардероба. Во 60-тите години тие често не носеле гардероба бидејќи тие верувале во апсолутна слобода на телото и умот и се чувствувале доста удобно во сопствената кожа. Хипиците изработуваат hand-made работи, како гардероба и накити направени од природни камења и кристали.

Станува збор за спиритуални луѓе
Поради големата употреба на психоактивни растенија и дроги, многу од хипиците се свртени кон спиритуалното, со цел да се поврзат подлабоко со Земјата и сите живи сиштества околу нив. Многу од нив се посветени кон источните техники на стекнување повисока свест како јогата, медитацијата и зенот.

Хипици сеуште постојат. И според мене тоа се луѓе на кои треба да се воодушевуваме. Затоа што тие се деца на природата, тие ја имаат храброста да излезат од дома и да бидат различни, слободни, исполнети, среќни. Подолу следи видео кое ќе ја долови сликата за хипиците малку подобро.

Извор:
psychedelicadventure.net