Header Ads

Хипиците на 21 век

Во Bliss: Transformation festival  & Neo Hippie, напишана од страна на Steve Schapio, човек кој е познат по фотографиите направени во 60 тите претставувајќи го животот на хипиците, го претставува животот на денешните хипици на и надвор од фестивалите за трансформација. Посебен акцент се става на ""Bliss Ninnies" субкултурата од хипи културата, каде што индивидуите се насочени кон медитирање и танцување за постигнување на екстазична состојба. Книгата содржи фотографии фестивалсккиот живот на модерните хипици во Америка.
Schapiro (80 год), патувал низ државата со неговиот син, Theophilus Donoghue (32 год), на настани како што се Rainbow Gathering, Electric Forest и Burning Man, во периодот помеѓу 2012 и 2014. На овие фестивали и настани тој научил за новата субкултура, кои се многу повеќе за некој вид очна медитација и здраво живеење, отколку психоделичните насочувања како нивните предци.
Според Schapiro тоа претставува едно цело ново однесување, кое се соочува со многу помалку стрес од психоделичните дроги. Луѓе кои можат да се донесат до состојба на вистинска просветленост со само медитација и танцување.


Да напоменеме дека хипи културата за овој човек претставува доста познато движење, бидејќи како што напоменавме, во 1967 година тој фотографирал хипици во Сан Франциско, кои биле објавени во Life Magazine, за Bliss снимил документарец и се движел во круговите на хипицте и споделувал со нив, и применувал доста од нивните омилени активности.
"Тоа не е како да сте имале слободен викенд и сте отишле на некој фестивал, и потоа сте му се вратиле на нормалниот живот во градот. За повеќето од лугето инволвирани во истиот, тоа е начин на живот."
Извор:
http://www.slate.com/blogs/behold/2015/10/19/steve_schapiro_photographs_neo_hippies_in_his_book_bliss.html
http://www.powerhousebooks.com/books/bliss-transformational-festivals-the-neo-hippie/