Header Ads

Добредојдовте на Земјата

Еден прекрасен краток филм кој мораме сите да го погледнеме. Напишан, снимен, едитиран и продуциран од The Oman Group
Скоро сите сме свесни дека постои нешто чудно со животот кој го живееме, но, ретко кој дискутира за тоа. "The great everything and the Nothing" го испитуваат општеството и проблемите и дава решение за истите.
Прашањата како што се психоделиите, образованието, неврологијата, економијата, екологијата, политиката и технологијата се обработувани од оваа група, но и се презентирани како заборавена меѓу-зависност која всушност ја имаат. Филмот претставува болно просветителски хит на реалноста, скриена од нас самите, покажувајќи ја феноменалната технологија, надреалните делови од Земјата, како и комичната рефлекција на нашата моментална состојба. Сето ова е презентирано како една голема траги-комедија.
Филмот започнува со презентирање на едно секојдневно утро. Тргнувајќи од апсурдноста на производите кои ги користиме, до улични проповедници, бездомниците и сметките кои мораме да ги плаќаме. Потоа не носи на едно патување низ светот, претставувајќи најразлични сцени и говори од светски познати артисти. 

Филмот е на англиски јазик.



Извор:
dailymotion.com