Header Ads

Одиме на патување со Еко-капсула!

Еко-капсулата претставува ниско енергетска куќа во форма на јајце која е дизајнирана од Nice Architects од Братислава. Делот за производство на електрична енергија ја користи сончевата и енергијата од ветрот, а содржи и механизам за собирање на дождот и филтрација. Еко-капсулата е долга 4,5 м,широка 2,4 м и висока 2,5 м. Вкупно искористениот простор е 8 метри квадратни, а архитектите тврдат дека во неа слободно можат да живеат двајца возрасни.
Оваа преносна куќа вклучува кревет на склопување, два големи прозорци, простор за работа и јадење, тоалет и туш.
Еко-капсулата добива енергија од 600 W вградени соларни ќелии и 750 W ветерни агрегати. Постои и батерија од 9 744 Wh која го овозможува работењето на капсулата и кога нема ветер или сонце. Секоја еко-капсула тежи 1 500 килограма и може да се смести во стандарден контењер за превоз.

Извор:
www.4dportal.com