Header Ads

Што е она што никогаш не смееме да го заборавиме?

"Вие не имате душа, вие сте душа. Вие имате тело." - C.S.Lewis
И покрај тоа што на сите ни изгледа дека имаме душа, душата е всушност она што ние сме. Ние многу често се претвараме во нешто друго, и затоа е многу лесно да се заборави кои сме ние, од каде доаѓаме и сето она што можеме да бидеме. Но, кои се оние најбитните работи што никој не смее да ги заборави?


Сите сме точно онаму каде што треба да бидеме
Без разлика на тоа каде и да сте во вашиот живот, без разлика што и да правите и низ што и да минувате, бидете сгурни дека сето тоа е со причина и не е случајно. И за многу ситуации е подобро да се заблагодариш, отколку да ги проколнуваш. И запомни, од сeкоја ситуација извлечи го најдоброто.

Се е привремено
Ништо не трае вечно. Се поминува, и не за џабе е кажано "Секое чудо три дена трае".

Се што ни треба веќе го имаме

Запознај се себе си, разберете се. Сета храброст, решителност, истрајност, љубов или среќа се веќе во сите нас.

Ти си добар баш таков каков што си

Најголемата цел во животот на луѓето не е да се преобразат самите себе си и да минуваат низ страшни трансформации. Трансфрмацијата доаѓа со прифаќањето на самите себе си.

Не барајте признанија од другите
Не ги барајте признанијата за вашата вредност од другите. Вистинското вреднување на самите нас можеме да го направиме само ние и никој друг. Луѓето се различни и не можеме да очекуваме од другите да го имаат истиот вкус како нашиот.

Кога врмето ќе стане тешко, сменете ја перспективата
Сите негативни емоции доаѓаат од тоа што не живееме во моментов. Погледнете на секојдневието на поинаков начин, и препуштете се на исполнетоста од чувството на присутност.

Ослободете се од Вашите стравови

Постојат само две вистини на овој универзум, едната е љубовта, а другата е стравот. За да човек целосно ужива во чистата љубов и мир, потребо е целосно да се ослободи од стравот.

Ослободете се од желбата за контрола

Никој не знае што е она што иднината ќе ни го донесе. Затоа ослободете се од чувството за имање на контрола врз животот. Животот не е да се има контрола врз него, животот  е да се изгуби контрола и без страв да се впуштите во непознатото.

Запомнете од каде доаѓаме

Кога ќе разбереме дека нашата свест е бескрајна, ние ќе сфатиме дека сме всушност енергија. Енергија, душа, свест која постојано расне, еволвира, и учи. Со секоја реинкарнација имаме нови искуства и лекции. Створени сме од енергија, во енергија ќе се претопиме.

Никогаш не сме сами

Алберт Ајнштајн верувал дека постои уште еден паралелен универзум на нашиот. Но, и самите сме сведоци на многу необјасниви енергии и конекции. Ние секогаш ќе бидеме опкружени со она што не можеме да го видиме.

Извор:
thebigriddle.com