Header Ads

Зоолошка во која луѓето-посетители се во кафез

Зоолошките градини претставуваат место во кое најверојатно најлесно можеме да допреме до животинскиот свет. Но, да бидеме реални, за животните и љубителите на животните тоа и не е некое прекрасно искуство. Знаеме како животните се третрани, пример е и Македонија.

Така кинезите, кои никогаш нема да престанат да изненадуваат, во една нивна зоолошка во Chongqing - Lehe Ledu Wildlife Zoo, ги ставаат луѓето во превозни средства со кафези и им нудат тура низ градината во која живоните слободно шетаат.

Ваквото искуство им дава шанска на посетителите да се приближат уште повеќе до некои од најсуровите диви животни. Кафезите секако дека се сигурни. Интересно е тоа што за камиончињата со кафезите се врзуваат парчиња живо месо за да се привлечат животните. Тоа овозможува набљудување на еден ручек на дивите мачки. Исто така дозволено е и фрлање на храна на животните преку отвори кои се наоѓаат на горниот дел од кафезот.






Извори:
http://www.awesomeinventions.com/lehe-ledu-wildlife-zoo-china-people-in-cages/
http://www.earthables.com/caging-humans-instead-of-animals-1548500923.html?c=SS