Header Ads

B.A.S.E jumping - еден од најекстримните спортови во светот

BASE Jumping или B.A.S.E скокање претставува скокање со падобранец од неподвижен објект. B.A.S.E е збор создаден од првите букви на зборовите градба,антена,мост и земја ( Building, Antenna, Span, Earth) и го означува скокањето најчесто од згради,високи антени, клифови, мостови и други неподвижни површини.
BASE скокањето се изведува со поседно обликуван падобран и посебен начин на диплење на истиот. При ваков скок не се носи помошен падобран, бидејќи истиот може да предизвика само поголеми проблеми. Ваквото скокање се смета за едно од најопасните скокања, истото е поопасно и од скокањето од авион. Причината за ова е тоа што скокачите имаат многу помалку време за да го отворат падобранот. BASE скокањето во некои земји е дури забрането.


Иако оваа врста на скокање за многумина е релативно млада, таа сепак се смета како најстара дисциплина во падобранството. Доказ за тоа е цртеж објавен во 1615 година од хрватот Fraus Vancic, на кого е претставен четириаголен падобран и човек кој скока од одредена градба.
Сепак како основач на овој вид спорт се смета режисерот Carl Boenish кој во 1978 година го снимил првиот BASE скок од El Capitan во Калифорнија. Тој заедно со неговата жена Jean Boenish се првите луѓе кои имаат скокано од сите четири B.A.S.E објекти (Building,Antenna,Span,Earth=Cliff)
Carl и Jean Boenish
Како што споменавме ова е ризичен спорт и од 2006 година па наваму стапката на смртност е 1 смртен случај на секои 60 скокања. Од Kjerag од 1995 до 2005 година се извршени вкупно 20 850 скокања, во кој период имало само 9 жртви, но 1 од 254 скока завршува со несмртоносна несреќа.
Следат некои од најпопуларните места за BASE скокање.
Kjerag, Norway
El Capitan, USA
Glacier Point, USA
New river George Bridge, USA
Извор:
http://edition.cnn.com/2016/01/11/sport/gallery/boenish-base-jumping/index.html
https://en.wikipedia.org/wiki/BASE_jumping
https://www.youtube.com/watch?v=SPPxxAg2rRM