Header Ads

5 планети ќе можат да се набљудуваат со голо око

Во наредните две недели, пет планети ќе се поредат во една линија и ќе можат да бидат набљудувани со голо око во раните утрински часови.
Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн ќе се подредат една позади друга прв пат после десет години. На небото секако дека тие ќе светат како светли ѕвезди.
Најдоброто време за набљудување на планетите ќе биде секој ден до крајот на првата недела од февруари. За време на овие денови доколку гледате премногу рано планетата Меркур ќе биде скриена позади хоризонтот, доколку гледате премногу касно ќе биде избришана од сончевата светлина. Меркур се наоѓа многу ниско на југоисток (во иста насока како и изгревањето на сонцето), затоа бидете сигурни дека ќе најдете добра точка од која ќе можете да го набљудувате небото.

Венера пак, која е најсветла од сите видливи планети. се наоѓа горе десно од Меркур. До 10 ти февруари двете планети ќе бидат на оддалеченост помала од 5 степени, односно колку должината на вашите три средни прсти.

Другите три планети ќе бидат уште малку повисоко на десно од Венера. Жолтиот Сатурн, малку потемен од Венера, доаѓа прв. Потоа Марс, со светло портокалова боја, и Јупитер уште подесно. Со помош на двоглед би можеле да ги видите и четирите најголеми месечини на Јупитер, кои за прв пат биле видени од страна на Галилео во 1609 година со новоизмислениот телескоп.
Како додатен бонус ќе се појави месечината која ќе се приближи до секоја планета и ќе го зголемува спектакуларниот поглед на небото.
Најпрвин месечината ќе се доближи до Јупитер на 27 и 28 јануари, потоа на 1 Февруари ќе се доближи до Марс, на 3 Февруари до Сатурн, Венера на 5 Фебруари и конечно Меркур на 6 февруари.
Наредна прилика за ваков спектакуларен поглед на небото ќе биде во 2020 година.

Извор:
nationalgeographic.com