Header Ads

Овaa еко-свеснa заедница изградена од земјени бродови, никогаш повторно не мора да плаќа за комунални услуги!



Зошто да плаќаме за електрична енергија, греење или вода кога мајката природа дава ветер, дожд, а и сончевата енергија -апсолутно бесплатно?

Ова е прашањето кое го засегнало Мајкл Рејнолдс, штом тој дипломирал архитектонски факултет во 1972 година. Рејнолдс дизајнирал домови од ре-употребени објекти, како искористени гуми, пластични и пивски шишиња, нечистотија, алуминиумски конзерви... Иако ова за повеќето звучи како обично ѓубре, за Рејнолдс токму ова биле матерјалите од кои тој го создал својот дом.

Дизајнот се фокусира на принципите на геотермална енергија; гумите полни со нечистотија создаваат топлинска маса која делува како склад на топлина дозволувајќи на секој "Земјен брод" да ја одржи удобно температурата во текот на годината. Термостатот е постојано заглавен на 22 степени Целзиусови, без разлика дали живеете во Арктикот тундра или пустината Ново Мексико.

Ре-употреби пред да рециклираш, е мотото на мештаните на оваа заедница, кои во дворот на објектот имаат стаклена градина во која одгледуваат органски растенија за јадење кои ги конзумираат во текот на целата година. Дождовницата ја собираат во цистерна која испумпува до мијалниците и тушевите, сивата вода се реупотребува за да се наводнат растенијата, а црната се пушта во екстериерната градина со што се наводнуваат декоративните растенија.
Берејќи од сонцето и ветерот, ако живеете разумно, никогаш нема да ви недостасува енергија!



Град од Земјени бродови може да биде изграден со рака и нема потреба од било каква инфраструктура, што значи сонот за мирување во подножјето на планината е пореален од било кога. Искуси ја природата без да се разведеш од модерните удобности. Најдобриот дел е што се е предвидено со основните потреби и без сметки секој месец, слободни сте да го живеете животот што го сакате.

Идејата е да се „заразите“, и сега веќе цела една зедница живее во „Земјени Бродови“ во невидената убавина на Таос, Ново Мексико. Филмаџиките Флора Лихтман и Кетрин Велс побрзаа да го документираат овој тренд, кој вртоглаво се зголемува.