Header Ads

Општо за психоделиците - Др. Michael Forrester

Michael Forrester  е  духовен советник и мотивациски говорник, со големо искуство од областа на психологијата кој зборува врз основа на неговите лични искуства. Текстот што следи е превод на неговите зборови. А еве што тој пренесува:

"Психоактивните растенија и халуциногените со години ни даваат можност да го видиме животот од една друга перспектива. Многу од овие растенија можат да се наречат подарок од природата, а сепак се прогласени како илегални во многу држави во светот. Но, промена на свеста владее на планетата, се' повеќе луѓе ја прифаќаат вистинската моќ на психоделиците, тргнувајќи од потенцијалот за лечење рак, завист, психички трауми, а најмногу моќта за препознавање на промената на свеста преку различни шеми. Одеднаш како да станува императив за нашата свест дека психоделиците треба да се ослободат од "контролата" за да сите ние можеме да ги користиме одговорно за стекнување на неопходната поголема свест, со која светот ќе се менува.
Секако дека промената на свеста која владее во светот нема да го просветли секој човек. На некои едноставно не им е судено, други пак се веќе таму некаде. Е за оние во средина, за време на нивната "откаченост"психоделиците нудат уникатен прозорец со можности, што во спротивно е отсутен. Постојат прекрасни елементи од свесноста, вклучувајќи специфични портали со психоделичен влез каде егото едноставно НЕМА МОЖНОСТ за компетиција. Тоа пробува, но скоро никогаш не успева.
Несомнено психоделицте ја отвараат портата на убавината и креативноста, што ти дава можност да зачекориш во тоа и да уживаш на начин, што ниту една друга супстанца на планетава не го овозможува. Само длабоката медитација може да го пружи тоа чувство, и секогаш ќе биде многу различно.
Тие те носат на едно патување и ти даваат можност за стекнување на свест со која ќе можеш да погледнеш милијарда години во минатото и во бескрајната иднина. Избор на бескрајни варијанти на реалност.
Факт е дека обожавањето на психоделичните растенија и нивната употреба во спиритуалните ритуали потекнуваат уште од почетокот на историјата. Употребата на истите е всушност документирана од неколку историчари.

Terence McKenna изјавил:


"Јас мислам дека одењето во гроб без да имате психоделично искуство е исто како да одите во гроб без да сте имале секс. Тоа значи дека вие никогаш не сте сфатиле за што станува збор. Мистеријата е во телото и во начинот на кој телото функционира во природата"

Способноста на умот да се носи со психоделиците е тешка. Психоделиците не се за секого. Иако за повеќето трипот е позитивен, за некои е со негативни последици, а главната причина за овие негативни искуства е недостатокот на подготовка."

Извор:
http://themindunleashed.org/2015/12/5-powerful-psychedelics-that-reorganize-the-brain-and-elevate-consciousness.html