Header Ads

Најдоброто патување за Божиќ

Доколку оваа зима сте расположени за едно необично патување Ви ја нудиме една од можните дестинации кои ќе ве однесат во светот на бајките.
Јамата на Дедо Мраз во Финска е одлична дестинација за сите млади духови. Santa Claus's Finnish lair е чуден свет исполнет со носталгија, традиција, снежни предели, црвеноноси елени и светкави моменти.
Градот Rovaniemi во провинцијата Lapland, веднаш под Арктичкиот круг е познат како вистинскиот дом на Дедо Мраз. Покрај тоа што ќе го најдете Дедо Мраз подмирувајки сметки во својата канцеларија и пречекувајќи гости, ќе видите и елфови кои работат во нивната супер брза Пошта, елени кои слободно се шетаат во околината, и цело село кое можете да го посетите и истражувате. Во околината има и ресторани, продавници и многу други работи сите поврзани со Дедо Мраз, Божиќ и Нова Година. 
Дедо Мраз одговара на добиените писма. 
Всушност Арктичкиот Круг минува низ селото на Дедо Мраз. На местото постои бележана линија која те предупредува кога влегуваш во фригидната зона. Легендата вели дека Свети Никола, светецот од третиот век кој служел како инспирација за брадестиот човек, својот прв дом го поставил во Турција, а потоа на Северниот Пол. Во 1927 година Финско радио емитува за откривањето на работилницата на Дедо Мраз во Lapland. Од тогаш е признаено дека Дедо Мраз живее во Финска.

Елфовите секоја година добиваат околу 500 000 писма адресирани до Дедо Мраз, а низ нивните раце минуваат уште милиони писма од туристите кои сакаат нивните писма и новогодишни честитки да имаат печат од Арктикот.
Финците тврделе дека Lapland најверојатно е највозбудливото место за деца во светот.
Замислете ја таа атмосфера.
Погледнете го видеото.

Извор:
http://www.visitrovaniemi.fi/get-inspired/santa-claus
http://www.forbes.com/sites/ceciliarodriguez/2015/12/12/the-best-christmas-trip-ever-visit-santa-in-his-homeland-finland-lapland-rovaniemi/2/