Header Ads

Конечно испитување на ефектите од LSD

Една нова студија од Шведска укажува дека LSD-то има терапевтски ефекти врз луѓето кои боледуваат од тешки болести. 
Експериментот се извршил врз вкупно 12 луѓе и по примената терапија со одредена доза на LSD(200 μg) во рок од 2-3 недели, анксиозноста на пациентите се намалила за 20%. 
Во 40 години ова е првата студија за бенефитите од LSD (Lysergic Acid Diethylamide), и ете резултатите се добри и позитивни. Утврдено е дека кај ниту еден од пациентите не се појавиле параноја, паника, тешка психичка состојба или пак нагони за самоубиство, на ниту еден од нив не им требала посебна медицинска помош.
Факт е дека доколку оваа киселина се прима орално во дози поголеми од 100μg предизвикува 
живи психоактивни промени, вклучувајќи и зголемување на сетилната перцепција, промена на перцепцијата на објектите, подобрени ментални слики, мислите забразуваат и се создава ново толкување и перцепирање на она што не опкружува.
Целната група се оние луѓе кои навистина патат од многу тешки болести кои им претат на нивниот живот, создавајќи депресија, страв, анксиозност, емоционално измачување и болка.

За поконкретни информации слободно прочитајте ја целата студија која можете да ја најдете објавена на Journal of  nervous and mental Disease.

Извор:
https://www.youtube.com/watch?v=7pxOdiAI5EQ
http://www.higherperspectives.com/study-lsd-1512363479.html
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4086777/