Header Ads

Филм чија премера е закажана за 100 години

John Malkovic игра во филм за Коњакот Louise XIII. Но, тоа е филм кој ние никогаш нема да го видиме, бидејќи премерата на истиот е закажана за Ноември 2115 година.
Malkovic, покрај тоа што го игра главниот лик во филмот, го напишал и сценариото. Во филмот е пртставена една хипотетичка верзија за тоа како би изгледала плантата за 100 години.

Ме фасцинира тоа што филмот е смстен во специјален сеф, со стакло отпорно на куршуми и тајмер кој одбројува и ќе одбројува во наредните 100 години. Сефот нема да биде отворен се до 18 Ноември 2115 година. Лично Malkovic го направил ова, а филмот ќе се чува во Франција во седиштето на Louis XIII.

Сега има пуштено само неколку сцени од филмот претставувајќи различни верзии од иднината.
1. Планетата обземена од природата
2. Планетата доминирана од технологијата
3.Со планетата владеат роботите

Специјално под клуч се ставени и неколу шишиња од коњакот кои ќе бидат отворни на денот на премиерата на филмот. Со сигурност тоа ќе биде возбудлива премиера.

Извор:
http://creativity-online.com/work/louis-xiii-100-years-official-trailer/44365
http://www.imdb.com/title/tt5174640/?ref_=nm_flmg_act_6