Header Ads

5 иновации кои се појавија во 2015 година

Како и секоја година така и 2015-та не помина без нови изуми. Иновациите пред се имаат за цел да ни го поедностават секојдневието, да ни го олеснат извршувањето на обврските или едноставно да ни го зголемат уживањето.

1. Проѕирниот камион

Факт е дека на многу од патиштата насекаде во светот се случуваат сообраќајни несреќи, кои во секој случај се со несакани последици, ако не друго барем траумата останува. Уште поголема е опасноста кога сте на пат а пред вас има огромен камион или автобус кој ја отежнува прегледноста на патот. Ова посебно се однесува за Аргентина, поради нејзините тесни и лизгави патишта. Па така Samsung во соработка со адвертајзинг компанијата Leo Burnett дојдоа до едно креативно решение, вградување на систем во камионите кои на нивниот заден дел ќе прикажуваат директен пренос од она пшто се случува на патот пред камионот, давајќи му голема прегледност на оној што се наоѓа позади масивниот камион.

2. Microsoft HoloLens - Холограмски леки
Microsoft HoloLens претставуваат првиот холограмски компјутер со можност за интеграција во секојдневниот живот. Замислете го уживањето на гејмерите или пак љубителите на филмови, губење... Микрософт дури даваат можност за пријавување на идеи и проекти во кои може да се користат нивните холограмски леки тргнувајќи од науката, технологијата, некои нови изуми или како што споменавме билокоја идеа за олеснување на нашето секојдневие. 

3. Книга што ја филтрира водата
Статистиката вели дека во светов има вкупно околу 663 милиони луѓе кои немаат пристап до чиста вода, само затоа што филтрирањето на истата во некои делови од светот е комплицирано и доста скапо. Па така еден тим на научници измислиле книга која ќе ја филтрира водата. Според испитувањата што биле направени во Бангладеш,Гана и Јужна Африка, повеќе од 99% од бактериите во водата биле уништени.

4. Океанскиот вакуум
Веќе на сите ни е добро познато дека океаните се преполни со пластики кои му наштетуваат на секој жив свет на планетата, да не споменуваме за водениот свет. Во Пацифичкиот океан се претпоставува дека има пластично губриво колку големината на Тексас. Запрепастувачки! За среќа оваа година еден човек презентираше изум со кој чистењето на пластиката од океаните ќе биде возможна. Наредната година ќе биде извршено проба како би функционирала оваа машинерија и какви резултати ќе даде. Доколку резултатите се позитивни, целосно чистење на водите ќе започне во 2020 година, и се смета дека во период од 10 години ќе бидат исчистени 42 % од загаденоста во океанските води.

5. Персонален детектор на загаденост
Станува збор за апарат кој ја мери загаденоста на воздухот кој го дишете. Овој уред користи сензори за да се оцени атмосферата во било која дадена област, вклучувајќи ја температурата, потоа честичките (прав,полен,мувла) и УВ изложеноста. Податоците потоа се прикачуваат на облакод од каде што институциите ќе можат да спроведат истражување на квалитетот на воздухот.

Извори:
http://brightside.me/article/18-of-the-most-awesome-inventions-which-appeared-this-year-59605/https://www.microsoft.com/microsoft-hololens/en-ushttp://pagedrinkingpaper.com/media-2/
http://www.theoceancleanup.com/?gclid=Cj0KEQiAnJqzBRCW0rGWnKnckOIBEiQA6qDBanodaF4HMUbdlis8TLxYESgeuyDULId6jpUd-ZsKnh4aAr2J8P8HAQ
http://www.tzoa.com/#homepage