Header Ads

Халуциноген мед од хималајските пчели

Во срцето на Непал живее племето Gurungs, кое е познато по медот кој го собираат од уникатниот вид на пчели (Apis Dorsata) кои живеат на Хималаите. Тие се и последните луѓе кои живеат 8000 метри под врвот на планината.
Еден месец во годинат, најголемите пчели во светот (3цм) го произведуваат медот кој содржи лековити,афродизијачки и халуциногени состојки. Членовите на ова племе се единствите луѓе кои знаат како да го вадат и да го користат медот од овие пчели. Медот е производ кој доаѓа од нектарот на отровни цвеќиња. Овој хималајски мeд е познат како "Луд мед" или "Црвен мед".

Процесот на собирање е доста тежок и ризичен, па затоа и цената на истот е за 4 пати поскап од нормалниот мед. На овој мед му се препишуваат многу лековити карактеристики, се смета дека е ефикасен и во лекувањето на хипертензија, дијабетес, лошите сексуали перформанси. Од една до две лажички се доволно, но доколку се земе во поголеми дози истиот е доста токсичен, предизвикува халцинации, повраќање и мног други несакани ефекти.

Проследете го овој краток документарец во кој е претставен процесот на собрање на медот.


Извори:
youtube.com
http://www.the-open-mind.com/these-himalayan-bees-make-psychedelic-honey-11/