Header Ads

Создавање и иднина на Планетата. - Документарец


Пред неколку дена налетав на еден прекрасен документарец за настанувањето и креирањето на нашата планета, и навистина го препорачувам на сите. Доста поучен е и информативен, во кој на доста сликовит начин се претставени историјата и иднината на Земјата. Се дава одговор како настанало првото копно, како влијаат тектонските движења, како дошло до креирање на континентите, планините и океаните, и многу други работи. Се воодушевив од фактот дека тоа е најнормален процес кој трае милиони години, трае и во моментов, само повторно ќе бидат потребни милиони години за да се увиди некоја промена, она што било некогаш на дното на океанот сега се наоѓа на врвот на некој клиф... Неверојатно, погледнете!


Извор: Youtube.com