Header Ads

Youtube канали за следење


Доколку спаѓате во онаа листа на луѓе кои не гледаат телевизија, алтернатива за интересни видеа, документарци, едукативни материјали и се друго што ќе го исполни вашето време , а воедно и ќе го збогати вашето знаење, можете да најдете на Youtube. За мене Youtube еден од основните извори на информации, не користете го само за музика, смешни видеа, филмови, има многу повеќе. Значи буквално се, од туторијали за шминкање до упатства за поправање на вашиот расипан телефон, и многу многу други нешта. Денес ви предложувам неколку канали кои може да ги следите и секогаш да научите нешто ново.

HD Documentary Channel (Official) - Канал на кој може да најдете документарни филмови за вселената, универзумот, науката и природата. Добра вест, сите се HD.


Sick Science  - Доста интересно каналче кое може многу да ве изненади и да го привлече вашето внимание. На овие кратки видеа еден дечко со име Steve Spangler кој воедно е учител, дизајнер на детски science играчки и добитни на Emmy награда му презентира на светот интересни трикови кои можете да ги изведете дома. Доста интересно. 


How it's made  - Како е направено, прекрасен канал за сите љубопитни души. Прикажување на целосен процес на изработка на различни нешта.

Samuel & Audrey - За овој канал се движат двајца Travel блогери кои се доста популарни во светот на блогувањето и на доста креативен начин ги пренесуваат своите патешествија на светот. Овде можете да најдете многу информации за одредени дестинации.


The Beauty Bybel - Овој канал е за девојките. Совети за мода, убавина и стил од познатата Carli Bybel.


Yoga with Adriene - На овој канал ќе пронајдете многу видеа за јога вежби и целосно водени програми за оние кои сакаат да си вежбаат јога дома.


Gordon Ramsay  - Рецепти и трикови за готвење. Воведете нешто ново во вашата кујна.



Тоа е тоа за сега. Јас отидов во шопинг треба торта да правам. :)

Извор:
https://www.youtube.com/