Header Ads

ФИЛМ: TRAINSPOTTING (10 НАЈДОБРИ СЦЕНИ)




TRAINSPOTTING : 
10 НАЈДОБРИ СЦЕНИ КОИ ЌЕ ОСТАНАТ ЗАПАМЕТЕНИ

Треинспотинг (Чекајќи ги возовите) е без сомнеж, едно од најголемите британски филмски дела. Филмот ја прикажува бруталната реалност и бунтовничкиот хумор во 90 минутно парче чиста забава. Покрај тоа има и одличен саундрак. 
Сега од кога режисерот Danny Boyle потврди дека се снима вториот дел на Треинспотинг,
(со истата екипа но 20 години подоцна) мислам дека е време да се присетиме на десетте најдобри сцени од првиот дел.





1. ВОВЕДНА СЦЕНА

Брилијантната воведна сцена поставува подлога за темите кои се истражени низ филмот, а Рентоновата наративна остра критика на вообичаениот начин на живот го одржува ентузијазмот за животот кој хероинот го уништува. Фудбалскиот натпревар совршено ги претставува карактерите на петте главни ролји, потенцирајќи го Рентоновиот порив за самоуништување, Сик Боевите измами, Бегбиевиот садизам, Томиевата амбиција и бескорисноста на Спуд, во само една кратка секвенца.




2. НАЈГРОЗНОТО ВЦ ВО ШКОТСКА

Сигурно, доколку го имате гледано филмов, ова е сцена на која често се присетувате. Сцената прикажува колку далеку е спремен Рентон да оди за да дојде до дрога, додека во позадина ја слушаме Deep Blue Day на Brian Eno.





3. ДА БИДЕШ ШКОТ Е СРАЊЕ!

Оваа сцена за истражувањето на националноста е важна и ден денес, дури и после неуспехот на кампањата YES на минатогодишниот Шкотски референдум на независноста. Критика е на англискиот колонијализам, но исто така го прикажува проклетството на кревката шкотска нација која допушта да владеат неспособни луѓе.





4. РАЗГОВОР ЗА РАБОТА

Спуд е толку неспособен што дури не може ниту да одглуми дека не е во состојба да живее без амфетамин. Загрижен дека Спуд би можел случајно да ја добие работата и да ја изгуби социјалната помош, Рентон му дава амфетамин пред интервјуто за работа. Бремерновата актерска игра во оваа сцена исто така е фасцинантна.






5. ГОЛЕМОТО ИЗЛЕГУВАЊЕ НА РЕНТОН И СПУД

Рентон и Спуд излегуваат на голем ноќен провод, кој завршува катастрофално за двајцата.






6. СМРТТА НА БЕБЕТО DAWN

Нема гледка која може да ве потресе повеќе од мртво дете. Без разлика дали е тоа во приказните на Хемингвеј кои се пренесуваат од генерација на генерација, или нешто како призор на мртвото сиријско детенце. Оваа сцена вешто портретира како хероинот ја извлекува хуманоста од луѓето кои го користат и како ги претвора во себични и ограничени потрошувачи.






7. БАРСКАТА ТЕПАЧКА НА БЕГБИ

Бегби во оваа сцена покажува дека филмот навлегува малку подлабоко во мрачната страна на човековата природа. Со зависноста неретко доаѓа и насилството, а Бегби сем зависноста од психоактивни супстанци на некој начин е зависен и од луѓе (нормално да ги тепа) Во оваа сцена Robert Carlyle во потполност го отелотворува Бегби, и брилира можеби за малку повеќе отколку во ликот на Хитлер.




8.ПРЕДОЗИРАЊЕТО НА РЕНТОН

Оваа сцена е ремек-дело. Висококвалитетен хероин и комичен резултат -предозирање, Рентоновото тонење во тепих, камерата совшено ја прикажува неговата перспектива, сирената на амбулантското возило и изненадното појавување на такси-возилото. Сето тоа на Lou Reed-овиот Perfect Day. Шлаг на крајот е Рентоновото тинејџерско однесување додека седи помеѓу родителите во автомобилот.






9. РЕНТОН ВО СОБАТА

Хорор сцена која го прикажува Рентон по предозирањето. Бојлиевава 
сцена во нас предизвикува повеќе тегоби одколку култниот Егзорцизам. Совршена актерска изведба. Нешто кое никој не сака да го доживее.





10. КРАЈОТ НА ФИЛМОТ

Крајот на филмот е чиста еуфорија пропратена од Underworldo-овата класика 'Born Slippy'. За оние кои го немаат гледано филмот, завршната сцена го прикажува Рентон како ги ограбува пријателите и одбира живот или можеби оди по уште една доза. Со нетрпение ја чекаме 2016 и Trainspotting 2 кој ќе ни ги даде посакуваните одговори.






Извор: www.mixmag.net/