Header Ads

Нашата планета се менува, а нас "мува не не лази"!


Глобалното затоплување е термин што се користи за да се објасни зголемувањето на просечната температура на земјината атмосфера и океаните. Промена за која се верува дека на долготројно ќе ја промени климата на Земјата.

Што значи тоа?

Факт е дека климата се менува. Истото е и научно докажано, сите ги чувствуваме последиците, а некои веќе и превземаат мерки за заштита на опкружувањето, местото на живеење и планетата.
Но, ние сеуште не сме свесни за она што се случува со нашиот ДОМ и како сето тоа се одразува и ќе се одрази во иднина. Едукација на истава тема, едноставно НЕМА.


Глобалното затоплување се должи на зголеменотот ниво на т.н стакленички гасови во атмосферата. Истите предизвиуваат покачување на температурата на Земјата, а сето тоа има и ќе има многу негативни ефекти врз животната средина. Планетата е опкружена од сопствената атмосфера која е составена од различни гасови. Некои од тие гасови, како што е јаглеродот доксид, реагираат како стаклените панели во стаклена греадина, и ја задржуваат топлината и не и дозволуваат да ја напушти планетата. Топлината постојано се враќа во атмосферата, а зголеменото количество на тие стаклени гасови предизвикуваат зголемување на топлината на нашата планета. Ова уште е познато и како Ефект на стаклената градина.

Некои од сончевите зраци кои ја греат земјата се рефлектираат. Некои се преевараат во топлина. CO2 и некои други гасови во атмосферата ја заробуваат топлината, константно загревајки ја Земјата.

Причини



Скако дека постоја луѓе кои се "замараат" за нашата земја. Светките научници го испитуваат овој феномен со години и единствниот причинител на ефектот на стаклената градина се стакленте гасови кои за жал се емитувани од нас ЛУЃЕТО!
Тоа се гасови што се испуштаат од автомобилите што ги возиме, фабриките и производсвото на струја. Најпознат од тие гасови е јаглерод диоксид или CO2, потоа метанот кој се ослободува од депониите и земјоделството, азотен оксид од ѓубривата, гасови кои се користат за ладење и индустриски процеси. Преголемо влијание има и сечењето на шумите и дрвјата кои  го апсорбираат јаглеродот доксид.



Ефекти и последици

Планетата се загрева од Јужен до Северен Пол. Промение веќе се чувствуваат, половите се топат, се менува и начинот на живот на животните, а најверјатно и на самите нас. 
Мразот од половте се топи


Зголемување на нивотот на водата во морињата и океаните
Многу поларни мечки умираат затоа што треба да пливаат на големи далечини дур да најдат санта мраз :(
Негатвниот ефект врз човековото здравје

Решение

Треба да се реагира. Треба да ги промениме нашите навики. Предлабо сме навлезени во нашето секојдневие и не сме свесни што и правимена нашата планета. Секако дека ова не може да се смени од денес за утре, но многу општества и култури веќе превземаат некаква акција. Во стилот на зголемување на бројот на шумите, намалено возење на автомобили, користење на продукти кои не и штетат на природата, создавање еко производи и слично. 
Почнете од самите себе, постојат многу ситни рботи кои секој од нас може да ги применува, а значат многу. Конкретно за ова прашање ќе следи цел нов и побога пост. За крај изгледајте го видеото. Дигнете го нивото на вашата свeст. Друга планета, друг дом, сеуште НЕМАМЕ.


Извор:
wikipedia.com
http://www.livescience.com/topics/global-warming/