Header Ads

Ајурведа - 5000 годишен систем на природно лечење

Ајурведата го покажува патот на создавање баланс и пронаоѓањето на нашата вистинска природа
Ајурведата претставува систем на природо лечење кој е постар од околу 5 000 години и потекнува од ведската култура во Индија. Но, многу повеќе од систем на лечење, Ајурведата претставува наука за животот. Зборот потекнува од Ayur што значи живот, и Veda што значи наука за знаењето. Оваа наука дава инструкции за дневните рутини, начин на исхрана, однесување и правилно користење на нашите сетила, потсетувајќи не дека здравјето е баланс помеѓу нашето опкужување, тело, ум и дух.

Принципи на Ајурведата

Човекот е дел од природаата, затоа Ајурведата признава три вида на енергија, наречени Dosha, кои владеат со нашето внатрешно и надворешно опкружување: движењето, трансформацијата и структурата. Санскритските имиња на овие енергии се Veta ( Ветер), Pitta (Оган) и Kapha (Земја). Тие се одговорни за карактеристиките на нашот ум и тело.Доколку Vita е доминантна во нашот систем, склони сме да бидеме слаби, ентузијастични, енергетични и променливи. Доколку Pitta доминира во нашата природа склони сме да бидеме напнати, интелигентни, ориентирани кон одрдени цели и имаме посилен "апетит" за животот. Кога доминира Kapha тогаш сме едноставни, методични и грижливи.
Ветер, Оган, Земја
Секој елемент може да биде балансиран и дебалансиран. Кога Vata е балансирана, личноста е ведра и креативна, но кога постои премногу двиење во системот, личноста може да пати од инсомнија, тешка концентрација и сува кожа. Кога Pitta е балансирана личноста е пријатна, дисциплинирана, добар лидер и speaker. Кога пак е надвор од баланс, човекот е напнат, иритира и може да срада од лошо варење и воспаленија. И кога Kapha  е балансирана личноста е мила, стабилна и добар подржувач, во спротивно се соочува со бавност, зголемување на тежната и проблеми со синусите.
Важна цел на Ајурведата е да ја идентификува идеалната состојба на баланс кај една личност, да одреди каде е надвор од балансот и да понуди соодветни лековити решенија користејќи диети, билки, ароматерапии, масажи, музика и медитација.

Доколку сакате да утврдите кој ајурведси елемент доминира во вашата природа истото можете да го направите на следниов линк. Прашањата одговорете ги најискрено што можете. :)

Бенефити од Ајурведата 

Фундаменталниот концепт е да го одржува здравјето. Ајурведата не гледа во болестите, туку во домаќинот на истите и неговата ранливост. Многу од третманите, како што се медитацијата и одредени диети, имаат за цел да ја одржуваат личноста здрава, а не да ја лечат од болест.

Коркумата е често корстена од ајурведските практичари. Таа содржи бета-каротен, калциум, ниацин, железо, цинк, флавоноиди и други хранливи материи. Се претпоставува дека таа помага во борбата против рак, чиреви и има анти-воспалителни својства. Неколку студии пак укажуваат на тоа дека коркумата може да помогне за намалување на симптомите на рематоидниот артритис.
Друг широко користен третман е темјанот, односно суво исушена смола од дрвото Boswellia. Темјанот се покажал доста ефикасан во лечењето на пациент со остеоартритис.

Со овој пост ја отвараме оваа тематика на која ќе следат совети и предлози за одржување на нашето здравје.

Извори:
Love Science
Chopra