Header Ads

Фасцинантна трака од серијата Vikings

Sharon Lyons е девојка од Ирска која докторирала на Ирската Светска Академија. Таа е специјалист за црковно пеење, пеење на свадби и погреби. 
Девојкава има фасцинантен глас. За ова е доказ и траката која ја има спремено специјално за серијата Vikings насловена како Sacrifice song
На youtube оваа трака е преслушана над 250 000 пати. Истата е напишана и отпеана од страна на Sharon која ја пеела во живо за време на снимањето на сцената.
За ова парче музика не постои конкретен текст туку само импровизирани звуци кои може да се поврзат со латинскиот и келтскиот јазик. 
Песната е поврзана со принесувањето на жртви на боговите за време на ерата на Викинзите. 

Слушнете за какво ремек-дело станува збор и уживајте!