Header Ads

Креативниот дух на ANDY SEKULOSKI пресликан во неговите дела

ANDY SEKULOSKI е млад ликовен уметник кој крие голем потенцијал. Тој е роден во 1994 година во Охрид каде во моментов живее и ги твори своите необични дела. Како мал тој вели дека имал прилично нормално детство, но секогаш бил интригиран од подлабоки прашања за животот како што се: "Од каде сме?", "Што е судбината?", "Што се соновите?"...
Amygdala Leak 2014;Acrylic 24x30cm
На возраст од 12 години воспоставува контакт со духовниот свет, претходните животи и четвртата димензија, но школските обврски кои ги имал во тој момент предизвикале сето ова да избледе.Сепак неговата меморија од ваквото искуство останала длабоко врежана во неговото сеќавање, затоа кога имал 16 години се посветил на Астралната Проекција и Луцидното Сонување и за кратко време станал доста вешт во оваа, како што вели тој, уметност. 

"Искуствата во повисоките нивоа на свест ми ги одговорија фундаменталните прашања кои секогаш ме возбудуваа, цврсто уверувајќи ме дека не постои смрт. Креативниот дух секогаш ме следеше, но на 19 години сфатив дека ликовната уметност е најдобриот начин на споделување на моите искуства со другите луѓе, а и моја животна мисија."
Dionysus 2013; Oil 20x30 cm Бог на плодноста на земјата, радоста, виното, вегетацијата. Бог-Бик. Добро познат во грчката и римската митологија и низ сите пагански култури, вклучувајќи и свој култ. Овој бог исто така е наречен Eleutherios (ослободувачот), чие вино, музика и танц ги ослободува неговите следбеници од себе-свест, страв и грижа, а ги урива ѕидовите што ја ограничуваат моќта. Оние што учествуваат во неговите мистерии се обземени и зајакнати од самиот бог.
Andy вели дека секогаш слика ноќе, во касните часови кога сите спијат и физичкиот свет е тивок. Тој практикува нешто наречено "Автоматско цртање" што значи дека не размислува што црта или слика, едноставно ја зема четката во рака и сликата почнува да се слика сама по себеси, кои бои ќе ги користи е одлучено во истиот момент.
Голема инспирација за него претставуваат уметниците како Austin Osman Spare, Robert Venosa, Bienvenido Bones Banez, Alex Grey и други.
"Не правам разлика помеѓу мојата уметност и мојата духовност"
Погледнете за што станува збор!
Angel 2014; Acrylic 25x33 cm
Spirit Guides and Elementals 2014; Acrylic 25x33 cm
Cosmic Entity 2014; Acrylic
Diving in the Lake of Lucifer ; Acrylic 45x35 cm 
Spirit Guides and Elementals 2014; Acrylic 25x33 cm
Warlock's Dream 2013; Oil 32x23 cm 
Selfie 2013; Oil 20x25 cm 
Chakras 2013; Oil 20x30 cm
Spirit guide 2013; Oil 20x30 cm
Shamanism 2013; Oil 20x25 cm
666 Kingdom of shadows 2014; Oil 40x40 cm 
Abyss 2014; Oil 24x30 cm
Lucifer; Oil and Acrylic 25x35 cm
Miniture Oil Painting 6x10 cm
666 Goat Exit 2014; Acrylic 12x32 cm
Demonologist 2014; Acrylic 12x32 cm
 From his sketchbook 2014;Acrylic
Magic Card 2013; Oil 26 x 50 cm
From his sketchbook 2014; Acrylic

Следете ги делата на Andy на неговата Facebook страна: Andy Sekuloski