Header Ads

Историјата на Starbucks

Корпорацијата Starbucks, или позната како Starbucks Coffee, е американска глобална компанија за кафе која поседува 21 160 продавници во вкупно 63 земји низ светот. Овде веќе станува збор за светски познат бренд кој нуди ладни и топли пијалоци како и грицки, крофни и слатки. 
Првата продавница била творена во 1971 година во Сиетл, Вашингтон, и од тогаш бележи енормен пораст. Оваа т.н Coffee house своето име го добила според лик од новелата Moby Dick, а страста за кафето и чајот била презентирана од страна на основачите на Starbucks, Baldwin, Siegel и Bowker, кои имале желба на луѓето да им го понудат најдоброто кафе. Успеале во тоа и набргу била отворена нивната четврта продавница во Сиетл каде првично се продавале свежо печени зрна кафе. 
За овој префинет вкус на кафе се заинтересирал Howard Schultz, кој отпатувал дури до Сиетл и во 1981 година успеал да се избори да стане дел од оваа организација. Веднаш потоа тој почнал да го нуди овој вкус на кафе во голем број на барови и ресторанти како главен и одговорен дистрибутер и маркетинг менаџер. Во 1983 година Schultz отпатувал во Италија каде што бил фасциниран од кафе баровите во Милано и успеал да ги наговори основачите на Starbucks да го послужат првото Starbucks Caffee Latte. 
Во 1985 година Schultz отварил свој сопствен бар наречен II Giornale каде се нудело еспресо кафе направено од зрната на Starbucks. Две години подоцна со помош на локални инвеститори тој го откупил Starbucks и ја формирал Starbucks Corporation, по што следело отварање на продавници-барови во Канада, Ванкувер и Чикаго. Во 1987 година имало вкупно 17 Starbucks продавници.
Од тогаш па наваму Starbucks бележи постојан раст како во своето работење така и во производите кои ги нуди. 
www.starbucks.com е официјалната страна на компанијата на која можат да се најдат сите производи кои ги нудат, дури имаат и понуда на пијалок според ваша желба, нудат eGift ваучери како и споствена апликација на Google Play преку која можат да се вршат нарачки и плаќање. 

































































































































извор:
www.starbucks.com
www.wikipedia.com