Header Ads

Патување во винтиџ стил

Сигурно некогаш сте налетале на некој предмет, фотографија или пак стил на некоја девојка, кои секогаш не враќаат неколку децении наназад и најчесто не потсеќаат на 50 тите години. Во овој пост станува збор за винтиџ силот и што претставува истиот.

Винтиџ (Vintage) по дефиниција го означува процесот на берба на грозјето и креирање на финален производ. Но, кога ќе се спомене винтиџ стилот, тогаш веќе станува збор за предмети и модни додатоци кои потекнуваат од некој претходен период, поконкретно од 20-те до почетокот на 90-те години од минатиот век.
Интересно е да се спомене дека облеката што е произведена пред 1920-та се нарекува античка, а се после оваа година до пред околу дваесет години се нарекува винтиџ или ретро.


Винтиџот со себе носи белези на претходните периоди. Може да станува збор и за сосема нов продукт, или пак оригинални предмети, материјали, гардероба и додатоци кои се изработени во конкретна година, со кои може да се експериментира и да се вметнат нови елементи. На ваквите предмети и гардероба кои зад себе навистина имаат историја во последниве години им се придава се поголемо значење и обично имаат висока монетарна вредност. Односно чинат поскапо.



Ваквиот стил завзема внимание после деведесетите години кога многу познати личности се појавиле во јавноста со вакви модни детали на чело со Џулија Робертс, Рене Залвегер, Дита Фон Тесе и Кејт Мос која е прогласена и за кралица на винтиџот. Во Италија пак постои и Винтиџ Базар на кој се продаваат само винтиџ работи, а во ноември се одржа и Vintage Fashion Show. За повеќе информации кликнете овде.