Header Ads

Најголемите пустини во светот


Дали сте знаеле дека пустините завземаат 1/3 од површината на Земјата? Како поим пустина претставува регион кој има многу малку врнежи, односно помалку од 250 мм годишно. Но, пустините не претставуваат само песочни површини кои немаат крај, туку тие се поделени на четири различни типови врз основа на нивната географска поставеност, односно поларни пустини, суптропски пустини, студени зимски пустини и крајбрежни пустини. Истите се распространети на сите континенти.
Photo by Society For Science
Двете најголеми пустини се поларните пустини Антарктик и Арктик. Антарктик се наоѓа на континентот Антарктика и завзема површина од 5.5 милиони метри квадратни, овој континент е најладниот и најветровит континент на Земјата. Потоа следи Арктик Поларната пустина која се зафаќа дел од Алјаска, Канада, Гренланд, Исланд, Норвешка, Шведска, Финска и Русија и завзема околу 5.4 милиони метри квадратни.
Photo by Science Museum
Останатите пустини се надвор од поларните предели. Овде на прво место се наоѓа Сахара, за која од секогаш сме учеле дека е најголемата пустина во светот, но сепак најголемата песочна пустина која се наоѓа во северна Африка, се протега на простор од 3.5 милиони метри квадратни и зафаќа делови од Алгерија, Чад, Египет, Либија, Мали,Мауританија, Мароко, Нигер, Судан, Тунис и Западна Сахара. Оваа пустина е најжешката пустина во светот.
Photo by Africa-Urlaub.blogspot.com
На четврто место е Арапската Пустина која зафаќа територија од 1 милион метар квадратен, се наоѓа на Арапскиот Полуостров и завзема дел од Ирак, Јордан, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Оман, Емиратите и Јемен. Оваа пустина и Сахара се познати по своите песоци и нивните дини кои ја даваат и типичната слика за песочните пустини.
Photo by Telegraph
Петото место го завзема Азиската Гоби Пустина која се наоѓа во северозападна Кина и северна Монголија. Оваа пустина се креирала како резултат на високите Хималаи кои го спречувале дождот да допре до овој предел.
Photo by The paltry Sapiens
Извор:
http://geology.com/records/largest-desert.shtml
http://www.mapsofworld.com/world-top-ten/world-top-ten-largest-deserts-map.html