Header Ads

Историски настани кои го промениле светот. Зошто и како?

Секојдневно нештата кои се случуваат околу нас влијаат за креирањето на патеката по која ќе се движи светот во иднина. Она што сме денес и начинот на кој живееме е резултат на она што се случувало некогаш, тргнувајки од пред неколку години до пред илјадници години. Додека пак она што се случува денес ќе биде причина за тоа што ќе се случува некогаш. Главното прашање е: Како стигнавме овде?

1. Раѓањето на Исус
Исус или уште познат како Исус Христос е главната фигура за формирањето на Христијанската религија, за кој многу христијани веруваат дека е Синот Божји и очекуваниот Месија од Стариот Завет. Се верува дека овој човек дал совршен пример за тоа како Господ посакува да живееме. Во Исламот пак Исус го сметаат како пророк.


'Исус, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови, Светлина од Светлината, вистински Бог од Бога вистински, роден,не створен, едносуштен на Отецот, преку кого сѐ станало, кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небото и се вплоти од Светиот Дух и Дева Марија и стана човек, и беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребан, и воскресна во третиот ден, според Писмото, и се вознесе на Небото и седи оддесно на Отецот, и пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и н амртвите, и Неговото Царство ќе нема крај' - Симбол на верата


Универзалните човекови права и еднаквост ги влечат своите корени од христијанските верувања дека сите луѓе се креирани според сликата Господова. Во тоа време црквата се сметала како главен извор на услуги како што се задоволството, образованието и социјалните услуги, дури многу универзитети и високоопразовни институции биле создадени од страна на црквата. Многу добротоворни организации го должат и нивното создавање на христијанството и учењата на Исус, а главниот мотив бил да се сака ближниот како самиот себе си.

'и љуби Го Господа својот бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила. Ова е првата заповед, а ова е втората ''Љуби го својот ближен како себеси!' - Марко 12:30-31

Хрисијанството пред сѐ го променило мерењето на времето, од тогаш па наваму постои поделба на работите кои се случиле пред новата ера и во новата ера. Христијанските учења исто така влијаеле и врз сексуалноста и брачниот живот на луѓето, човековото страдање, робството,абортусот, разводите, инцестот и полигамијата. Црквата пак имала големо позитивно влијание врз развојот на науката и технологијата. Директно или индиректно факт е дека христијанството си го направило своето, дури 65% од 100-те највлијателни луѓе во историјата се христијани. Не било сјајно, во тоа време Црквата била Законот, тогаш не постоел поимот слободен дух, многу луѓе не биле разбрани, биле осудувани и јавно палени или каменувани. Но денес религијата го губи своето значење, вредностите во светот се променети, само се сомневам дека сме навистина свесни за тоа!

2. Раѓањето на Мухамед 
Мухамед е роден околу 570 година од н.е во арапскиот град Мека. Тој останал сираче уште на млади години и бил одгледуван од неговиот чичко Ебу Талибу. Мухамед бил религиозен човек, политичар и воен лидер кој муслиманите сметале дека е последен Божји пророк пратен од Бог за човештвото. За припадниците пак на другите религии Мухамед се смета за основач на исламот, а муслиманите го сметаат и како раставратор на верата на Адам, Ное, Аврам, Мојсеј, Исус и други пророци. Тој ги уништил паганските идоли во градот, а неговите следбеници го сториле истото со сите останати пагански храмови во Источна Арабија. Мухамед успеал да го соедини народот во Арабија под една религија, Исламот, каде што и ден денес постојат многу верни следбеници на оваа религија и луѓето едноставно ВЕРУВААТ!

Мусиманите веруваат дека Пророкот Мухамед е човечко суштество и пророк од Алах, и дека Господ го користел него да ги открие пораките за човекот, и за повторување на вечната порака. Тие веруваат дека тој нема син ниту партнер и дека никој нема право да биде обожаван освен него, тој е вистинскиот Господ и секој друг 'господ' е лажен.

'Тој е Бог, единствениот, на кого суштествата му се обраќаат за своите потреби, Тој не се раѓа, ниту беше роден и нема сличен на Него' - Куран 112:1-4

Се верувда дека имало 124 000 пророци вклучувајќи ги Ное, Мојсеј, Абрахам, Исус и дека сите од нив заслужуваат еднаква почит. Муслиманите веруваат дека еден ден сите ќе бидеме воскреснати кога ќе треба да дадеме одговор за сите наши дела. Оној што има повеќе лоши дела ќе оди во Пеколот каде ќе живее во оган и ќе биде измачуван засекогаш. Како и христијаните и тие веруваат дека после овој живот, постои друг живот во кој постои Пеколот во кој лошите луѓе ќе бидат измачувани. Муслиманите веруваат дека секој човек има право на своја религија и дека ниту еден човек не треба да биде осудуван за своите верувања, но сепак секој е одговорен за своите постапки.
Мухамед ја основал една од највлијателните религии во светот, дури денес тринаесет века после неговата смрт неговото влијание е многу моќно. Исламот дури ги повикува луѓето да се во постојана потрага и истражување на универзумот.

'Алах ќе ви ги покаже знаците и моделите на хоризонтот и Универзумот и во вас самите се додека не се убидите дека тоа е откровение на вистината' - Куран 14:52

Како резултат на ова влијание голем број на муслимани денес се вклучени во геометријата, астрономијата, математиката и други области од науката.

3. Црната смрт во Западна Европа
Црната смрт, позната како чума, е една од најголемите пандемии во историјата на човештвото која го достигнала својот врв во Европа во периодот од  1347 до 1350 година. Во овој период се смета дека починале околу 200 милиони луѓе, што претставува најголема загуба за човештвото. Се смета дека оваа болест започнала во Кина, а потоа по Патот на Свилата во 1346 година достигнала и во Крим. Се проценува дека  починале од 30 до 60 проценти од целото население во Европа.
Ваквиот настан создал серија на социјални, верски, економски и финансиски пресврти. Луѓе умирале, немало кој да работи, финансиите и економијата целосно го промениле својот тек, едноставно било хаос.

4. Првото трансатлантско патување на Кристофер Колумбо 
Иако италијанецот Колумбо не ја открил Америка, сепак на неговото трето патување во 1948 година тој стигнал до бреговите на Јужна Америка, и на неговото четврто патување до Централна Америка, и ваквото негово истражување го измени целиот континент засекогаш. Од тогаш почнале да се испраќаат експедиции во истражувањето на 'Новиот свет' се со цел да се создаде нова трговска мрежа, да се освојат нови територии и да се прошират границите на христијанството. Во април 1492 година Колумбо ја добил титулата "Admiral of the Ocean Sea" и е заслужен за поврзување на 15 вековниот стар свет, кој е создаден од Африка, Азија и Европа, со новиот свет, односно Америка. Се откриле нови територии, нови цивилизации како и голем дел од плодовите кои денес секојдневно ги внесуваме во нашата исхрана. Ова откритие во САД се слави како денот на Колумбо (Columbus day)
5. Индустриската Револуција
Станува збор за невидена експлозија на нови идеи и нови технолошки пронајдоци кои се случиле во периодот од 1760 до 1840 година. Ваквата Револуција започнала во Велика Британија, но се проширила и во Западна Европа и САД.
Индустриската револуција претставува голема пресвртница во историјата на човештвото и помогнала во обликувањето на иднината, бидејќи речиси сите аспекти од животот на луѓето биле погодени како резултат на промените кои се случувале во тој период, тргнувајќи од здравството па се до транспортот. 
6. Декларацијата за независност на САД
Она што го овозможил подемот на Соединетите Американски Држави била Декларацијата за независност усвоена од страна на Континенталниот Конгрес на 4 јули 1776 година, потпишана од страна на 55 лица кои биле претставници на 13 колонии, на чело со Томас Џеферсон. Со оваа декларација 13-те колонии повеќе не припаѓале на Британската Империја. 
Иако овој документ ја постигнал својата цел во објавувањето на независноста, и ден денес се смета како многу важен, особено поради втората реченица која се наоѓа во истиот, и е доста често користена од претседателот Барак Обама:
'Ја држиме оваа вистина, како доказ дека сите луѓе се создадени еднакви, обдарени од Создателот со одредени неотуѓиви права, меѓу кои се правото на живот, слобода и потрага по среќата.'
Новата независна држава (САД) е сега лидер на слободниот свет.
7. Француската Револуција
Станува збор за движење кое ја потресло цела Франција во периодот од 1789 до 1799 и претставува период на големи политички и општествени промени, како во Франција така и во цела Европа. 
Сталежите на свештенството и на аристократијата не плаќале даноци и имале многубројни привилегии, во сталежот на народот се развила силна буржоазија која сакала да има поголем увид во владеењето на земјата, што довело до голем класен конфликт.Со оваа револуција француската структура на власт која била апсолутна монархија со феудални привилегии за аристократијата и католичкото свештенство, претрпела огромни промени, односно се ставило крај на кралскиот апсолутизам, на поделеноста на сталежи и на привилегии. Француската револуција помогнала да се прогласи еднаквост на граѓаните.
8. Чарлс Дарвин објавува За потеклото на видовите
'За потеклото на видовите по пат на природна селекција' е дело објавено во 1859 година од страна на Чарлс Дарвин, англискиот природонаучник. Во ова дело тој ја објавува својата научна теорија дека сите видови на живот потекнуваат од заеднички пордок кој еволуирал во текот на годините преку процесот кој тој го нарекува природна селекција.
9. Втората Светса Војна
Во текот на Втората Светска војна е видена најголемата количина на крвопролевање и бес меѓу народите, кои го потресле целиот свет. Оваа војна започнала со диктатурата на Хитлер и Мусолини, а завршила со пропаѓањето на некои големи земји и подем на нови светски сили. Општествените структурни промени во голема мера придонеле мажите и жените да почнат да уживаат енакви овластувања во социјалната и економската сфера. Дошло до создавање на обединетите нации и зачувување на светскиот мир. Научниот развој предизвикал создавање на нови ракети,проектили и нуклеарни бомби. Атомската бомба која била создадена од страна на америкаците оставила голем белег и на генерациите кои дојдоа по војната.Слабеењето пак на Обединетото Кралство одиграло голема улога во индиската независност, позицијата на Русија како светска сила сега е превземена од страна на Америка. Втората Светска Војна и понатаму ќе остане еден од оние настани во историјата на светот кој ќе има влијание врз генерациите кои допрва доаѓаат.
10. Појавата на Интернетот
И на крај доаѓа Интернетот кој го промени начинот на кој живееме. Се промени комуникацијата меѓу луѓето, сега светот ни е на дланка, имаме пристап до секакви информации, се раѓаат многу нови можности за сите нас. Но, Интернетот не го промени само начинот на кој живееме, се променивме и ние луѓето, ги променивме нашите вредности, го променивме начинот на кој го менуваме нашето слободно време. И често се прашувам како иднината ќе гледа на нас кога ќе дојде ден да бидеме смао историја. Телиња кои блеат во малите екрани. Или како што баба Ванѓа рекла: 'Ќе дојде Ѓаволот и ќе влезе во секоја куќа!'

Извор:
http://listabuzz.com/historical-events/
http://listcrux.com/top-10-events-that-wrote-the-history-of-the-world/
www.wikipedia.com
Библија