Header Ads

Бон-Тон на маса

Photo by Little pickle press
Кога патуваме во некоја друга земја секогаш се среќаваме со различна традиција и начин на живеење на луѓето во таа земја. Интересното е во тоа дека сите ние сакаме да ги искусиме работите што тоа едно место ни ги нуди на најоригинален начин, се трудиме да се вклопиме во тоа мнозинство и да уживаме на "нивен" начин. Овој пост се однесува на различните бон-тон правила при јадење во различни земји од светот. Па, како треба да се однесувате во тие моменти...


Гласно вшмукувајте ја храната
Photo by Huffington post

























Во Јапонија најчесто кога се јаде супа или нудли, вшмукувањето на храната ја покажува вашата почит кон храната и кон куварот. И колку погласно го правите тоа, толку подобро! Исто така супата можете да ја пиете директно од чинијата, лажиците во оваа земја не се толку чести, а вашите стапчиња за јадење немојте никогаш да ги прекрстувате, лижете или боцкате вертикално во чинијата или оризот. Ваквото однесување се смета како многу вулгарно во повеќето азиски земји, вклучувајќи ја и Кина.

Јадете само со вашата десна рака
Photo my Johnsullivan2.wikispaces.com




























Во Индија, Блискиот Исток и во некои делови од Африка јадењето со лева рака се смета како нечисто нешто.

Немојте да нудите сметката да се подели
Photo by The Guardian



 Доколку во Франција побарате сметката да се подели тоа ќе се смета доста несоодветно. Затоа понудете се да ја платите целата сметка или, евентуално, некој друг ќе го стори тоа.

Лебот се користи како прибор за јадење
Photo by Huffington Post
Во Франција луѓето кога јадат ги користат и двете раце, или држат виљушка и нож, или виљушка и леб. Во оваа земја лебот не се користи како мезе туку со негова помош јадењето се става на виљушката. Лебот е културно да се кине парче по парче, гризањето леб не е особина на французите. Кога лебот не се користи тој стои на чаршавот, а не во чинија.

Јадете со вашите раце
Photo by Top travel blogs
Во Мексико јадењето со виљушка и нож се смета за доста "снобовска" пракса.

Не допирајте го јадењето со раце
Photo by  Singapore Motherhood
Во Чиле јадењето со раце се смета како доста лоша навика, таму се се јаде со прибор за јадење. Во Бразил дури и пицата и бургерите се јадат со прибор.

Не барајте сирење и кашкавал
Photo by Updated trends
Во Италија немојте никогаш да барате сирење повеќе од она што ви е понудено. За голем грев се смета доколку на пицата ставите повеќе сирење одколку што има, уште полошо е да се стави сирење на морската храна.

Не барајте сол и бибер
Photo by Listverse
Доколку во Португалија на масата нема поставено сол и бибер немојте ниту да барате, ваквиот гест ги вреѓа вештините на куварот.

Не ставајте храна во устата со виљушка
Photo by  Youtube
Виљушката во Тајланд се користи за да се стави храната во лажицата. Во оваа држава не се практикува ниту јадењето со стапчиња.

Ждригајте и направете хаос
Во Кина ждригањето се смета како задоволство и комплименти упатени кон готвачот. Хаосот во чинијата или околу неа упатуваат кон истото, дури во чинијата треба да оставите малку јадење со што би му дале до знаење на домаќинот дека ви дал доволно храна.

Интересно да се знае, никогаш не знаете каде и со кого ќе завршите на маса. :)