Header Ads

Психоделичната тајна за Дедо Мраз




Иако повеќемина гледаат на Божиќ како на Христијански празник, многу од иконите и симболите поврзани со Божиќ и посебно Нова Година потекнуваат од шаманската традиција на племенските народи уште многу пред Христијанството.


Светата печурка на овие народи била црвено белата Amanita Muscaria, исто позната и под името `летечка габа`.



Овие печурки многу често ги сретнуваме во бајките и приказните најчесто поврзани со магични моменти и самовили. Тоа е затоа што содржат моќна халуциногена компонента која античките народи ја користеле за време на своите ритуали и трансцедентални искуства.


Повеќето од главните елементи на модерната Божиќна прослава, како Дедо Мраз, новогодишни елки, магични ирваси и давање на подароци, се заснова врз традициите околу жетвата и потрошувачката на овие магични печурки.



Според антрополошките истражувања во последниве децении,
 корените на стилот на Дедо Мраз и неговата торба, санките, ирвасите, бизарниот полноќен лет, карактеристичниот оџак - средство за влез во домот, па дури и начинот на кој ние ги украсуваме нашите домови за Божиќ, сето тоа води долг пат наназад до наследена традиција на домородните жители од арктичкиот круг - на Камчадалис и Корјаки на Сибир, конкретно. 
(Значи, тоа е вистина - Дедо Мраз навистина доаѓа од Северниот Пол!) 




Како и многу други фантастични приказни, и оваа потекнува од влијанието на интензивно халуциногените печурки. 
Во ноќта на зимската краткоденица, Корјаковиот шаман ќе соберел неколку халуциногени печурки, и започнувал духовно патување кон дрвото на животот (голем бор), кое `живеело` од страна на Северната ѕвезда и ги содржело одговорите на сите проблеми на селото од претходната година.


Летечката аманита е црвена печурка со бели точки, која често сме ја сретнувале во бајките на Дизниевите анимирани филмови, `Супер Марио` видео играта, Штрумфовите...
Сериозно се токсични, но токсичноста им бледее штом се исушат. 


Погодно место за растење им е најчесто под борови дрвја (бидејќи нивните спори патуваат исклучиво со борови семиња), па шаманот често ќе ги закачел на пониските гранки на борот под кој тие растеле, за да се исушат пред да ги врати назад во селото. Кога брзал, тој ги ставал во чорап кој висел над неговиот оган за да се исушат побрзо.

 Дали ова почнува да ви звучи познато?


Друг начин, за да се отстранат вишокот отровни токсини од печурките бил, со нив да се нахранат ирваси. 
Ирвасот отровот нема да го убие, само ќе го `издрогира`, а потоа неговата урина ја пиеле луѓето за безбедно да се издрогираат, бидејќи нивото на токсични отрови во уринатана на ирвасот е многу ниско.


Се испоставило дека ирвасите ги обожувале магичните печурки, и ги јаделе веднаш штом им се пружи прилика, па така племенската заедница имала доволна залиха од психоделичната супстанца за целата зима.
Всушност, ирвасите ја обожувале оваа габа толку многу што го јаделе дури и снегот на кој што -човек кој имал пиено `магична` урина се олеснил- и така кругот продолжувал да циркулира.


Кога шаманот одел да ги собира печурките, облекувал црвено-бела наметка со исто таква капа во нивна чест, и бидејќи реонот бил натрупан со снег, на нозете носел високи чизми од еленска кожа, која го штитела од влага. Тој ги собирал исушените печурки од боровите дрва, и заедно со сад полн со ирвасова урина ги носел во вреќа назад во својата јурта (традиционален дом на жителите од овој регион во тоа време) каде што го чекале сите мештани од селото со нетрпение, за да ја започне магичната (психоделична) церемонија.


(јурта)


Но, како ќе влезе во јуртата чии врати биле затрупани со снег?
Се качувал на покривот со својата вреќа `подароци`  и преку дупката на покривот (која имала улога на оџак) се спуштал по шипката која ја крепела јуртата во центарот. 
Потоа ја отворал торбата и ги делел печурките на сите членови на заедницата кои со нетрпение го чекале. а некои дури и се причестувале со печурките кои се сушеле обесени над огнот.


Повеќе од јасно е дека идејата за влегување преку оџак и делењето подароци има инспирирано многумина. Дури и во касното Виктoријанско доба во Англија традиционален симбол на оџачарите бил, ништо друго - познатата магична Аманита печурка.


Повеќето од старите Божиќни картички ја содржеле сликата од оваа печурка, без никакво објаснување зошто е истата толку фаворизирана.


Интересно, во прилог на поттикнување халуцинации, печурките го стимулираат мускулниот систем толку силно што и оние кои јадат ги обзема привремено надчовечка сила, на ист начин како што сме погодени од напливот на адреналин во `живот или смрт` ситуацијата. 
А ефектот е ист и на животни. Така било и со ирвасите кои имале вкусна ужина од печурка или малку жолт снег.
 Ќе станеле буквално надрогирани и силни, галопирајќи наоколу и често одскокнувале толку високо што изгледало како тие да летаат. Во исто време, дрогата ќе ги направи луѓето да се чувствуваат како и тие да летаат заедно со елените низ вселената.
 Значи од сега можете да видите каде ова води: 
Легендата вели дека шаманот и ирвасите ќе летаат до северната ѕвезда, (која се наоѓа директно над северниот пол) за да соберат подароци на знаење од  -дрвото на животот- , кои потоа ќе ги достават до остатокот од селото.


Се чини дека овие традиции се донесени во Велика Британија по патот на древните друиди, чии духовни практики имале превземено многу елементи од далечниот север. 
 Потоа, во неизбежното влијание на различните култури едни на други, на миграцијата и мешаните бракови, овие приказни се мешаат со некои германски и нордиски митови кои го вклучуваат Вотан (најмоќниот германски бог), Один (неговиот нордиски пријател) или некој друг голем Бог кој оди на зимско патување.


Приказната го премина езерото на `Новиот Свет` со почетокот на англиските доселеници и доби печат од холанската традиција вклучувајќи го Св.Никола (кој почнал да се нарекува Sinterklaas од страна на малите холандски деца) и ја најде бессмртноста во сегашна форма во почетокот на 20тиот век во Америка, со познатата песна на Климент Кларк Мур `Посета на Св.Никола`. (A Visit from St. Nicholas). Пред оваа песна да ги погоди медиумите, различни емигрантски групи од Америка споделуваа различни верзии за создавањето на Дедо Мраз.


Потоа, во 1930 година, Кока-Кола објави рекламна кампања во која на Дедо Мраз му ја дадоа препознатливата дебелина, и го пласираа во целиот свет.



Па така, во тој дух, среќна Нова Година и Божиќни празници на сите кои ги слават! 

извори:
http://inhabitat.com
http://cannabisculture.com