Header Ads

Теории кои ќе ја променат Вашата перцепција за животот

































Животот не е толку едноставен и очигледен како што ни изгледа. Некои од работите што во еден момент ги прифаќаме како чиста вистина, во сосема друг излегуваат дека се најголема лага. Но, научниците и филозофите од секогаш се труделе да ги изнесат свои теоирии и барем малку да не приближат до нивните размислувања. Па почитувани следат теории за животот. Размислете убаво после секоја од нив.

1. Голема глацијација
Големата глацијација е последната состојба кон која се движи нашиот универзум. Универзумот има ограничен доток на енергија. Според оваа теорија кога таа ограничена енергија конечно ќе ја снема универзумот ќе дојде до замрзната состојба. Откако топлата енергија, која е предизвикана од движењето на честичките, ќе исчезне (што претставува природен закон на универзумот) најверојатно еден ден ќе сопре се и Земјата ќе биде покриена со мраз!
























2. Солипсизам
Оваа теорија стои зад тоа дека не постои ништо освен свеста на човекот. Од почеток ова звучи премногу глупаво, а кој и би верувал дека околу нас не постои ништо? Но, доколку размислите малку подлабоко, ќе сфатите дека единственото нешто за кое може да тврдите со сигурност тоа е вашата свест. Сигурно и понатаму читате со несигурност. Но, ајде сега помислете на сите ваши соништа што сте ги имале. Зарем не е можно сето ова што сега се случува да е само еден сложен сон? Но, околу нас имаме луѓе и предмети кои можат да се допрат, почувствуваат, можат да се видат, слушнат и мириснат, зарем не? Одговорот според оваа теорија е и да и не. На пример постојат луѓе кои конзумирале LSD, и имале такви халуцинации за кои тие тврдат дека истите ги допреле, или почувствувале, а ние не би се согласиле дека тоа е "реално". Сепак она што ќе го видиме и она што ќе го прифатиме како реално е она што мозокот ќе ни каже да го прифатиме како такво. Според солипсизмот не можеме да бидеме сигурни во ништо, освен во нашие мисли!



























3. Идеалистичка филозофија
Џорџ Беркли, таткото на идеализмот, тврди дека се постои само како идеа во нечиј ум. Беркли открил дека некои од неговите колеги ја сметаат оваа теорија како глупава. Приказната е дека некој човек шутнал каменче со затворени очи и рекол:"Ете јас ја побив твојата теорија". Идеата почнува од тоа дека доколку каменот постоел само во неговата имагинација тој нема да можел да го шутне со затворени очи. Како и да е теоријата на Беркли е тешко да се разбере, посебно во овие модерни денови. Тој сепак тврдел дека постои семокен и сеприсутен Бок, кој гледа се во секој момент. Реално или не?
4. Теоријата на Платон
Верувам дека сите сте слушнале за Платон, тој е еден од најпознатите светски филозофи, а како и сите други и тој имал да каже нешто за реалноста. Тој тврди дека позади нашата перцепција за реалноста, лежи светот на "совршени" форми. Сето она што ние го гледаме се само сенки, односно имитација на она што всушност е. Платон тврди и дека само со проучување на филозофијата можеме да ги доловиме и перцепираме работите какви што навистина се, во тие т.н совршени форми.
Тој исто така велел и дека се е направено од една супстанца. Па според него, дијамантите, златото и кучешкиот измет се составени од една иста материја, но во различна форма.Ова негово тврдење со откривањето на теоријата на атомите и молекулите до одреден степен се покажала како точна.





5. Презентизам 
Времето е нешто што сите ние го доживуваме и го делиме на неколку етапи, односно минато, сегашност и иднина. Според презентизмот минатото и иднината не постојат, тие се измислени,постои само сегашноста (present=сегашност). Според св. Августин минатото, повеќе не постои, иднинатаа е имагинарна. Времето не може да постои пред и откако ќе се случи. Тоа се случува токму сега во овој момент.





















6. Етернализам
Етернализмот е теорија спротивна на презентизмот. Оваа филозофска теорија тврди дека времето е со повеќе слоеви. Сите времиња постојат истовремено, но мерењето на истото е утврдено од самиот набљудувач и она што го гледа зависи во која точка е вперено неговото внимание. Така да диносаурусите, Втората светска војна и нешто што моментално се случува во светот се случуваат истовремено, само зависи од која локација се набљудуваат истите. Но доколку ова се сфати како вистина, тогаш за жал иднината би била безнадежна.

7. Мозокот во тегла
"Мозокот во тегла" е експеримент од страна на група научници и мислители кои што тврдат дека човечката перцепција за реалноста зависи само од неговите субјективни чувства
Дебата се води околу следново: Замислете си дека сте мозок во тегла кој е одгледуван од страна на вонземјани или луди научници. Како ќе знаете што е реално тогаш? Ова се поврзува со идеата во филмот "Матрикс", но за жал овде не постои црвената таблета, или кој знае можеби и постои. :)

8. Паралелен Универзум
Верувам дека сите сте запознаени со терминот паралелен универзум. Односно тоа претставуваат светови слични на нашиот. Оваа теорија говори за тоа дека најверојатно постојат голем број алтернативни реалности. Теоријава најдобро ја сфаќам кога ќе направам споредба со серијата "Fringe". Замислете паралелен свет во кој можеби сте светски позната личност или пак бездомник, а можеби и не сте родени?
9. Феноменализам
Секој е заинтересиран за она што се случува со предметите доколку не гледаме во нив. Научниците го проанализирале ова прашање доста добро и на некој начин дошле до решение, а тоа е дека тие едноставно исчезнуваат. Феноменалистите веруваат дека објектите постојат само поради феноменот на свесноста. Па така според нив, вашиот лаптоп е овде само поради тоа што сте свесни дека е овде, и верувате во неговото постоење. Но, доолку се тргнеме од него тој престанува дапостои, се дур повторно вие или некој друг не воспостави интеракција со него. Според феноменалистите не постои постоење без перцепција.
извор: www.themindunlished.org