Header Ads

Првите пишани докази за употребата на Канабисот

Шен Нунг
Најстариот пишан извор за употребата на канабисот доаѓа од кинескиот император Шен Нунг во 2727 год. п.н.е. каде што се споменува употребата на билката за медицински потреби. 
Античките грци и римјаните исто така биле запознаени со оваа билка, додека на Блискиот Исток употребата на канабисот се проширила преку исламската империја се до северна Африка.
Грците првично како рекреативна дрига го користеле алкохолот,но потоа почнале да тргуваат со канабисот, користејќи ја билката како додаток во исхраната. Одовде се смета дека Хомер исто така зборува токму за оваа билка кога ја опишувал "дрогата" која Елена ја донела во Троја. Сепак, Херодот со сигурност зборувал за канабисот кога во 5 век п.н.е. напишал дека:
 "Скитите одгледуваат растение слично на ленот, но ова расне подебело и повисоко". 
Оваа билка тие ја одгледувале во затворени соби создавајќи пареа. Тој исто така истакнал дека ниту една грчка бања со пареа не може да го надмине ова. Херодот опишувал и луѓе кои живеат на островите и кои често палеле голем оган и ја фрлале билката во оганот, потоа ја вдишувале чадта. По некое време тие делувале како да се пијани и почнувале да се веселат и играат околу огнот. 
Датата кога канабисот бил претставен во Европа е непозната, но најверојатно било доста рано бидејќи во близина на Берлин била откриена урна која содржела и лисја од канабис за кои се верува дека датираат од пред 500 год. п.н.е. Во централна и јужна Европа во 13 век ткаенините биле изработувани од влакна од канабис, што останале доста популарни и кај идните генерации. 
Во Африка билката пристигнала многу порано пред да почнат да се населуваат европејците. Билката ја пушеле Суто жените пред да се породат. Тие исто така го мелеле семето и го ставале во лебот и потоа ги хранеле своите деца со него. Во 1916 година во еден репорт било запишано дека работниците кои работат во рудниците во Јужна Африка биле охрабрувани да пушат марихуана бидејќи работеле напорно и така не покажувале толку голем замор.
Во 1378 година емиратот Soudom Sheikouni of Joneima во Арабија наредил сите растенија во неговата територија да бидат уништени и секој кој е фатен како јаде од билката да му бидат извадени забите. Но, само 15 години подоцна употребата на канабис масивно се зголемила.
Во 1454 година канабисот се проширил се до Чиле. Во Северна Америка пак билката била одгледувана на многу плантажи и се користела за производство на јажиња, облека и хартија. 
Канабисот растел во диви тропски влажни делови во светот. Семките биле употребувани за хранење на добитокот, влакната се користеле за производство на јажиња, а уљето се користело како средство за боење.
Во 1969 година ОН процениле дека постојат околу 200-250 милиони корисници на канабис.