Header Ads

Kнига напишана во 1969 која ја предвиде иднината


  Има нешто во книгата `Држи се Занзибар` (Stand On Zanzibar) од англискиот автор John Brunner што истовремено восхитува и е морничаво. 

Имено, во книгата која е издадена 1969 година настанот се одвива во 2010 година. 
Во тоа време се сметала за `научно фантастичен роман` но денес, кога можеме да направиме јасна временска компарација, восхитува предвидувачката моќ која тогаш ја поседувал фасцинантниот новелист Брунер. Во прилог следуваат само неколку запрепастувачки (ќе мора да ги наречам) коинциденции.


ЕВРОПА ГО ВОВЕДУВА ЕВРОТО
Во книгата, Европа воспоставува унија за заштита и корист на нивната финансиска стабилност.

ХОНДА СТАНУВА ЛИДЕР ВО ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ВОЗИЛА
Добро, ова и не е најточно предвидување, но е доста блиску ако го земеме в предвид фактот дека Хонда во 1969` била само компанија за мотори.

ЕЛЕКТРОНСКАТА `ДЕНС` МУЗИКА

Брунер предвидел дека електронската музика ќе ја превземе мејнстрим радио мрежата. Не бил многу далеку.

ТУТУНОТ ПОЛЕКА ИЗЛЕГУВА ОД УПОТРЕБА

Поради бројни здравствени ризици поврзани со производи од тутун тогаш, Брунер предвидел дека тутунот ќе започне да се отстранува од употреба.

МАРИХУАНАТА СТАНУВА СЕ` ПО ЛЕГАЛНА

Со тутунот на излезна врата, на влез доаѓа Марихуаната која навлегува во секојдневното `мејнстрим` општество, и станува легална.

ДЕТРОИТ ВО РАСПАЃАЊЕ

Тој предвиде и дека неговиот роден град Детроит ќе пропадне финански и ќе стане опустошен.

ПРЕСТРЕЛКИТЕ ВО ШКОЛИТЕ

Иако не предвидел точно каде, тој сепак предвидел точни училишни престрелки и случајни акти на насилство.

ФЕЈСТАЈМ

Книгата опишува луѓе кои комуницираат преку монитори и можат да се видат еден со друг. Звучи познато?

ВИАГРА
Сексуални перформанси и засилувачи се рекламираат на телевизија. Уште едно точно предвидување.

ГЕЈ И ЛЕЗБЕЈСКИТЕ ВРСКИ СЕ РАСПРОСТРАНЕТИ

Тој исто така предвидел дека геј/лезбејските двојќи ќе бидат распространети и многу по прифатливи за општеството.

ФИЛМОВИ ВО АВИОНИТЕ
Книгата предвидува и дека луѓето ќе имаат можност да гледаат филмови и тв емисии во авионите.


Во книгата, името на претседателот на државата е Обоми. Морничаво блиску до името на претседателот Обама.