Header Ads

Грешки кои му штетат на здравјето а ние секојдневно ги повторуваме.

   Сите имаме некои лоши навики кои секојдневно ги применуваме без да приметиме. Затоа треба да се решиме од нив да се воозбилиме и да си го чуваме здравјето. Еве како!




1. Подалеку од мобилниот телефон!

Некои податоци велат дека дури 80% од луѓето го оставаат мобилниот телефон вклучен во текот на ноќта, а околу половината од нив го користат како будилник.Некои го чуваат блиску до јастукот т.е во близина на главата, но најчесто е на најблиското ормарче,


Една од скриените опасности е светлото кое мобилниот го испраќа, а може да го блокира излачувањето на хормонот мелатонин, кој е одговорен за регулирање на сонот.
Но и самата близина со мобилниот прави да сме на `штрек` за добивање повици/ пораки што потсвесно го отежнува сонот.

Заради тоа, идеално би било доколку можете да се одвоите од телефонот, барем половина час пред да легнете, и да го чувате што подалеку од главата. Одалечувањето на телефонот само 20цм од главата ќе го смали зрачењето за дури 98 посто.

2. Внимавајте на циклусот!

Голем број од жените се жали на нередовни циклуси и за тоа ги окривува стресот или очекуваната менопауза. Иако е нормално да има дисбаланс во циклусот кај тинејџерките, па и во 20тите години, циклусот во 30тите и 40тите би требало да е правилен, а отстапувањата би можеле да бидат показатели на многу сериозни болести па дури и рак.


Значајни отстапки во циклусот, кое ќе се појави повеќе од два пати, е јасен показател дека мора да посетите гинеколог. Затоа е многу важно да си ги бележите менструалните циклуси, и да реагирате благовремено доколку се случат отстапки во периодот помеѓу нив, особено ако се појават и други тегоби како болка при време на односот и обилно крварење.

3. Внимавајте како седите!

Поминувањето на времето пред компјутер на многу луѓе им го осзема поголемиот дел од денот. Но повеќето од нив прават грешки кои долгорочно и скапо ќе ги чинат. За што помалку да ги оптеретите грбот и вратот, препорачливо е мониторот да го држите во висина на очите. Тоа би значело дека лап-топот треба да го користите на маса, не во скутот.


За седењето важно е аголот помеѓу вашите колкови и грбот е поголем од 90 степени, карлицата да е малку по високо поставена во однос на колената, а стопалата подобро е да стојат рамно на подот отколку нозете за ви бидат кренати или прекрстени. Важно е да седите на меко, но да имате и мало перниче за потпирање на грбот.

4. Здравје на кожата!

Многумина одбегнуваат креми за сончање, освен ако не се на годишен одмор. дури и кога ја нанесуваат, оставаат голем дел од кожата без крема. Но доколку знаете дека некое време ќе возите или ќе шетате од дома по работа, задолжително нанесете крема за сончање.

Вратот, рацете, нозете и рамената се секогаш најкритичен дел кој е изложен на сонце, и важно е да бидат добро заштитени. Исто така е важно да знаете дека некои облеки и матерјали не штитат од штетните сончеви зраци. Не заборавајте дека и на скијање сонцето може да ве изгори подеднакво исто како кога сте на плажа.




Извор. magazin.hr