Header Ads

5 корисни совети за справување со голема животна промена.

   Секој од нас барем еднаш се нашол во ситуација кога во животот му се случува неочекувана промена.
Не по своја волја ниту режија, едноставно текот на животните настани го менува правецот на планираното течение, и не `удира по глава` кога сме најмалку подготвени.
Без разлика дали се работи за промена на средината на живеење, промена на училиштето или работната позиција, развод во фамилијата, најчесто е тешко да ја прифатиме ново настанатата ситуација и стравуваме од помислата ` ќе успееме ли самите да поминеме низ ова?`
Но созревањето е ништо повеќе од учење како да ги оставиме тешките периоди зад нас, и да се фокусираме на креирање на иднината.


Еве неколку исклучително корисни совети, како тешките животни промени да ги пребродите полесно, гледајќи во нив предизвик за прифаќање на нови почетоци.



1. Прифатете ја промената


Колку и да звучи сурово: мора да ја прифатите реалноста дека вашиот живот повеќе нема да биде ист.
Иако преболувањето на тешкиот перод е природна реакција, постојаното навраќање на минатото само ќе ве закочи во патот кон опоравок.
Наместо да патите по она кое го оставате зад себе, мора да се помирите со фактот дека сетоа тоа е минато, да си помогнете себеси да излезете од фазата на од-болување, и да започнете да ја креирате својата позитивна иднина.





          


 2. Најдете време за размислување


Без разлика дали слушајќи музика, медитација или со долга прошетка, мора да најдете начин да ги `исфилтрирате` мислите. Може да биде тоа и разговор со терапевт или друга доверлива особа. Пребродувањето на големите промени секогаш започнува : запирајќи, и преиспитувајќи се себеси како се чувтвувате. Размислувањето може да ви помогне да го откриете вашиот главен извор на грижа, да ги идентификувате стравовите, и да совладате нови тхники за прифаќање на нови предизвици. Времето поминато во размислување, исто така ќе ви помогне да дејствувате трезвено во земањето на својата иднина во свои раце.



 3. Секој ден правете по еден чекор напред

За почеток, направете си мали, остварливи цели кои ќе направат да се чувствувате поубаво. Можеби на почеток ќе ви изгледа невозможно, но ќе мора да се впуштите во откривање на сите работи кои ве опуштаат, прават да се чувтвувате убаво и ја враќаат насмевката на вашето лице.
Научете да живеете во сегашноста, не во вашата носталгија за минатото, или загриженост за иднината. Ако ви помага, креирајте си сопствен времеплов, и на него запишете ги сите свои планови, и долгорочни и краткорочни.

4. Најдете си себеси `ментор`


Разговорот со постар пријател или роднина, кој успешно поминал низ истата промена, може премногу да ви помогне. Одвојте време за кафе, или разговор на Скајп, слушнете ја неговата приказна и побарајте совет за пребродување на тешкиот период и премин од истиот во позитивна промена.



 

5. Научете да бидете оптимист

Така надминувањето на негативните мисли и зачувување на позитивноста ќе стане ваш начин на размислување, со што ќе научите да гледате можности за напредок онаму каде што претходно сте гледале само блокирани патишта. Секој облак има надеж и секој голема променаима нешто корисно да донесе во вашиот живот.