Header Ads

ДЕПРЕСИЈА, УМОР: Како да ја победите есенската меланхолија?

   Поспани сте и нерасположени, а дождот, недостатокот на светло и овенатите лисја ве прават да се чувствувате депресивно?

Голема е веројатноста дека патите од есенска меланхолија




Поспани сте и нерасположени, а дождот, недостатокот на светло и овенатите лисја ве прават да се чувствувате депресивно?  Веројатно патите од `есенска меланхолија` која ја карактеризираат умор, лоша концентрација, чувство на осаменост, безволие и зголемен апетит.
Добрата вест е дека оваа состојба е привремена, а причинители се:
негативна психолошка реакција на темнина, ниско ниво на хормонот за среќа (сератонин) , поголемо производство на мелатонин кој предизвикува поспаност и недостаток на витамин Д заради слабата изложеност на сончеви зраци. 
За да ја победите оваа "есенска болест" јадете намирници богати со витамин Д, повеќе време поминувајте на дневна светлина, трчајте и вежбајте.
Внимавајте, песните кои (да речеме) ги слушате по пат до работа да бидат што по ведри, а рацете ангажирајте ги со некоја креативна работа. Збогатете го својот друштвен живот, и не одбивајте ги поканите на пријателите за прошетки и излегувања само заради лошото време. 
Кога сте дома, искористете го времето за генерално да си го средите домот, исфрлете ги сте непотребни работи, бидејќи пренатрупаност на просторот во кој живеете поттикнува депресија. На крај освежете го станот со ведри бои и цвеќе.