Header Ads

УРБАНО ЕКСТРЕМНО ИСКАЧУВАЊЕ - Новиот бизарно екстремен спорт кој `вади од памет`!!!



   Екстремно искачување, е името на новиот апсолутно претерано страшен екстремен спорт, во кој урбаните `истражувачи` се искачуваат на врвот од највисоките облакодери и се нишаат на нив без безбедносна опрема




Овој спорт се појавува во Русија пред десетици години (еден од пионерите е и озлогласениот Мустанг Уантед), но се популаризира откако група анонимни момци поставија видео на јутуб, како висат на кран висок над 300м, се креваат на една рака, прават склекови и други `стомако-превртувачки` егзибиции.


И покрај многубројните осуди клипот повлече и лавина `говори на омраза` но ги охрабри останатите `искачувачи` да го сторат истото, придобијат голем број фанови ширум светот и допринесат за популаризација на истиот `спорт`.

Клиповите кои ги објави ветеранот на оваа `дисциплина` беа истовремено шокирачки но и фасцинантни. Тој ги има искачено највисоките градби на територијата на СССР но и ширум светот. Тоа го прави веќе една деценија, и сеуште е жив. Себеси се нарекува професионален качувач, а исто и неговата екипа со која заедно се качуваат и помагаат при снимањето. 
Од кога ја набавил првата GoPro камера вели се` било полесно. Пред тоа `долевал` на ризикот носејки голема камера на грбот во совршена координација со балансот.


Посебно вознемирува видеото на кое тој застанат на работ од облакодер, во раце ја држи својата девојка, и вртоглаво ја ниша лево-десно, кикотејки се иронично на гравитацијата.

Важно е да се напомене, дека со самата популаризација на овој спорт, посебно во Русија, резултираше со голем број смртни случаи.
Од почетокот на годината до сега повеќе од 15 млади луѓе ги имаат загубено животите обидувајќи се да станат `професионални` искачувачи!






Џејмс Кингстон (Велика Британија) има 24 години, и ја дели истата пасија и страст кон урбаните височини како неговиот колега Мустанг.  Тие се сигурно нај вештите `искачувачи` моментално во светот, Обајцата започнале како пар-кур спортисти, секојдневно изучувајќи и совладувајќи ги вештините на тој спорт. Темпераментот и зависноста од адреналин ги натерал да отидат малку по-далеку.



Џејмс пак се прославил, објавувајќи неверојатни `PointOfView` фотографии 
на неговиот инстаграм профил.
 За рекордно време тие ја добија својата популарност.
На почетокот од годинава, британската телевизија Канал4 (Channel 4) објави документарен филм за животот на Џејмс Кингстон. Филмот носи наслов `Не погледнувај надолу` ( Dont Look Down!) 


Во филмот Џејмс преку интернет договара средба со Мустанг, со желба да се запознаат но и да остварат некои смртоносно опасни предизвици.
*Филмот е постиран на јутуб, каде можете бесплатно да го погледнете.


 Овој спорт, разбирливо и нормално е `забранет` заради целиот оној момент со паѓањето и смртта, но дури и полицијата, законите, лошите временски прилики, кавгите и условите од родителите,  не ги одвраќаат од намерата да се искачат каде што наумиле.


Со сигурност знам дека тоа е спорт на кој, молам Бога мојот син никогаш не помисли, па поаѓајќи од неколку појдовни точки може да се направи јасна компарација со повеќето пороци, можеби дури и да се смести во истата група. 


Денес, на интернет може да сретнеме запрепастувачки POV фотографии и видеа од речиси сите гигантски градби од сите делови на светот.







Порок или спорт, без разлика, јас сепак мислам дека ние во Македонија засега сме доста безбедни.
Барем до отворањето на `Џеваир` висококатниците... 

Потоа избегнувајте да гледате нагоре, 
не знаете кого се` може да видите. =)

BapsyCulkin