Header Ads

ФИЛМ: 50 НИЈАНСИ НА СИВО - Што може да очекуваме?



На сите нам ни е многу добро познато, дека книгата `50 нијанси на сиво` е меѓународен феномен. 
Првпат објавена во 2011, книгата има продадено 60 милиони копии и предизвика две продолженија, со наслов Педесет нијанси потемно и Педесет Нијанси Ослободени
Дури и ако вие не сте ја прочитале трилогијата, постои добра шанса вашата мајка, сопруга или сестра да ja има.

Според тоа, сигурно не е изненадување за никого дека во тек е снимањето на филмот `Педесет Нијанси на Греј (сиво)`.
Филм за кој, ако вие  не сте возбудени, тогаш сигурно некој некаде во вашиот живот е.

Исчекувањето на доследна адаптација на романот, стана малку подолго од очекуваното,  (филмот доаѓа во кино салите на 13 Фебруари 2014), па до тогаш да видиме што се може да отриеме околу често поставуваните прашања во врска со филмот,
Кој го режира? Кој игра? Каков ќе биде филмот? Дали ќе се совпаѓа со настаните во книгата? Одговорите следуваат подолу!

Педесет Нијанси на Греј (сиво) е прва во трилогијата од ЕЛ Џејмс.
 Таа е проследена со Педесет Нијанси Потемнo (Книга 2) и Педесет Нијанси Ослободени (Книга 3). 
Во првата книга нè воведува Анастасија Стил, млада жена која е блиску до дипломирањето на колеџ, кога се согласува да го направи интервјуто на мистериозен милијардер и бизнисмен Кристијан Греј.
 Напната и нервознa, Ана завршува привлекувајќи го вниманието на Кристијан, со кој воспоставува романтична врска од која произлегува пасија кон сексуалната доминација и кој ја вовлекува во тајните на БДСМ сексот.

Книгата е преполна со еротски моменти, но има и романтика и драма исто така.
Добро е познато, дека Џејмс првично тргнала да пишува приказна како Твајлајт фан фикција, за подоцна да ја преработи во поинаква приказна. Педесет Нијанси на Сиво беше објавена во 2011 година и стана масовно популарна, па снимањето филм се чинеше неизбежно.
По големата аукција, правата за снимање на филмот ги доби продукциската куќа Universal Focus Features . Од тогаш фановите непрекинато се интересираат за напредокот на филмот.

Статус на продукција

После неколку месечни шпекулации на тема `Кој ќе ги толкува главните ликови?` а потоа и доцнењето во производство заради промена на улогите и корекција на сценариото, Педесет Нијанси Сиво конечно беше снимен, и го чека завршетокот на производство во Фебруари.
Првобитната замисла беше, филмот да заврши во пост-продукција до 1 Август, но промената на кастингот како и промените во скриптата допринесоа премиерата да биде одложена за Денот на Вљубените 2015.


Првобитниот постер за филмот со Чарли Хунам


Педесет Нијанси Сиво се очекува (но сеуште не е официјално потврдено) да добие R- рејтинг.
Со оглед на сексуалната содржина на филмот, со акцент на Кристијановите претензии кон Садо-Мазо игрите, фановите на книгата се неверојатно љубопитни како скокотливо експлицитните сцени ќе бидат прикажани на платно. Продуцентката Дана Брунети вели дека тие стремат кон R -рејтинг, но дека исто така би било супер да се направи една  NC-17 верзија која би се прикажала откако R-рангираната ќе пристигне во театрите.

Тоа според Брунети би било есенцијата од сценариото на `Педесет Нијанси` за луѓето кои би сакале да го искусат филмот целосно, со целокупта сексуална содржина.
NC-17 филмовите имаат лимитиран пристап во однос на кино салите во кои можат да се прикажуваат, и лимит во однос на парите кои може да ги заработат на Бокс Офисот, па така дупо прикажување на филмот би било идеално во овој случај.


Christian Grey: Jamie Dornan




Некои луѓе очајно сакаа  Ian Somerhalder да го толкува најпопуларниот мистериозен Кристијан Греј, Некои сакаа Matt Bomer. Ниту на Francois Arnaud или Alexander Skarsgard не им било судено да ја играат оваа улога, иако на големо се шпекулираше. 
Првиот избраник за оваа улога беше Hunnam. 
По некое време, Hunnam отпадна, со објаснување дека распоредот за неговите телевизиски ангажмани се подудира со снимањето на `Педесет Нијанси Сиво` филмот. 
Стартниот-датум на филмот се одложи, како и датата на неговото прикажување. 
По ова Hunnam објави, дека му е премногу тешко што не бил во можност да ја оствари улогата.

Jamie Dornan бил донесен како замена на Hunnam за улогата на Кристијан Греј.


Дорнан во САД е најдобро познат по улогата Sheriff Graham (aka The Huntsman) во првата сезона од сериалот на ABC,  Once Upon a Time (Си Беше Еднаш)  
По ова, Ирскиот актер започнал ново снимање во одличната крими-драма Тhe Fall (Падот) која може да се погледне на Netflix. Двата серијали се одлична презентација на неговите актерски вештини. Исто така знаеме дека сака да се соблекува (има подзавидно ниво експлицитни фотографии), како и тоа дека позира за Calvin Klein. 
Можеби не е оној Кристијан што секој фан на книгата си го замислува, но барем да се надеваме дека ќе биде добар во улогата.


Anastasia Steele: Dakota Johnson


Првичните шпекулации за улогата на Анастасија, беа за актерката Emma Watson, но ѕвездата на Хари Потер побрза да ги оспори. Фаворити за оваа улога беа и Alexis Bledel, Shailene Woodley и Imogen Poots но на крај улогата ја доби Dakota Johnson, која прва потпиша и за разлика од Hunnam остана во проектот.

Како ќерка на Мелани Грифит и Дон Џонсон, Дакота Џонсон со веќе оформено име за себе, кариерата ја започна главно со комични улоги. 
Можеби се сеќавате на неа од филмот `Social Network` (Социјална Мрежа)  каде што му го  објаснува Facebook на Џастин Тимберлејковиот  Шон Паркер. 
Ја одигра и Fugazy во филмот 21 Jump Street. 
На Телевискиска страна, играше во краткотрајната комедија на Фокс - `Бен и Кејт`, 
а се појави и во една епизода на` Канцеларија`.
Како ќе се справи со ликот на сексуално неискусната Ана Греј останува да видиме.
Без оглед на тоа како таа ќе го отслика карактерот, не е изненадување дека оваа улога и е одлична `одскочна даска` и веќе добива понуди за големи остварувања и проекти со актери како Johnny Depp.



Кој (друг) е кој лик во поделбата?


Додека Кристијан и Ана (Џејми и Дакота) ќе бидат во центарот на приказната, можеби се прашувате кои актери ќе се појават во споредните ликови од оваа трилогија. Одговорите следуваат подолу...

Кејт Кавана - Најдобрата пријателка на Ана ќе ја одигра Eloise Mumford
Покрај тоа што е најблиска пријателка на Ана, Кејт е во добри односи и со Кристијановиот брат Елиот ...

Елиот Греј - Одиграно од страна на  Luke Grimes, Елиот е посвоениот брат на Кристијан.  Додека Кристијан има тенденција да биде повеќе воздржан, Елиот е пријателски настроен  и добродушен. Тој и Кристијан имаат помлада сестра, Миа ...

Миа Греј - Пејачката и актерка Rita-Ora е одбрана да ја игра најмладата сестра од фамилијата Греј.

Грејс Греј Marcia Gay Harden ќе ја толкува улогата на мајката, која го посвоила Кристијан Греј а е докторка во книгата.


Хозе Родригез - Одбран за оваа улога е Victor Rasuk. Хозе е фотограф и пријател на Ана, кој се надева дека ќе ја освои нејзината љубов. 

Реј Стил - Улогата на таткото на Ана ќе се одигра од Кит Рени.

Џејсон Тејлор - Телохранителот на Кристијан, Тејлор ќе биде одиран од Макс Мартини.


Продолженијата

Како што напоменавме, постојат уште две книги во Педесет Нијанси трилогија.
 Бидејќи Universal and Focus не ги соопштија официјалните планови за прилагодувањето на сценариото, се доби чувство дека тие имаат намера овој филм да го направат трилогија.
Пред некое време, прашање на твитер упатено кон авторката на овој роман ја разреши мистеријата.


Што уште може да видиме?


Одличниот тизер- постер за филмот!


Oфицијалниот трејлер за филмот!










Извор http://www.cinemablend.com
imdb.com
/