Header Ads

10 работи кои ќе ги добиете доколку се научите да уживате сами

Дали осаменоста ве убива и не знаете како да се справите со неа? Чувствувате ли потреба дека нешто треба да промените, и дека таа промена е лично ваша? Доколку си ги поставувате овие прашања, тогаш најверојатно сте во потрага по реализирањето на вашето лично ЈАС и извлекувањето на бенифитите кои животот ги носи. Во животот сфатив дека е најтешко кога човек треба да биде строг самиот со себе и да создаде дневни навики од кои би ги чувствувале сите бенефити. Понекогаш сме и несвесни дека сето она добро што ќе го направиме за самите нас резултира со позитивни ефекти, кои ги надминуваат сите пофалби и признанија од другите за кои сите сме желни, а многумина од нас и живеат за истите. Но, на оваа планета нашето време е ограничено, затоа е пожелно сите да се потрудиме да го извлечеме најдоброто од секоја ситуација. Уживајте и додека сте сами!
1. Ќе ги наполните "батериите"
Постојаната интеракција со другие, колку што може да биде позитивна за нас, верувајте дека има и свои негативни страни. Трудејќи се да одговориме на потребите на другите, да ги задоволиме, да ги разбереме, да ги проанализираме нивните акции и зборови, ја цицаат нашата енергија. И на крај сето тоа доведува до еден замор од луѓето, од кој ни е потребен одмор.
Да се биде сам може да одговори токму на оваа потреба која се јавува кога тогаш кај сите. Избистрете го вашиот ум, напунете ги мислите со позитивни енергии. Одморете се од другите, и спремете се со нови сили за нови почетоци.

2. Ќе се посветите себе си
Животот најверојатно ви се одвива многу брзи и хаотично. А кога се наоѓаме во таков момент обично сите длабоко посакуваме да имаме време да се посветиме себе си не правијќи ништо конкретно. Затоа доколку го имате потребното време седнете сами и размислете за вашиот живот. Погледнете длабоко во самите себе си, и запрашајте се дали сте личноста која сакате да бидете. Што е следно што посакувате, пронајдете го она што е суштински за вашиот живот и дадете му значение.

3. Ќе дојдете во допир со вашите емоции
Повторно, кога сме опкружени со други луѓе, постојано се обидуваме да допреме до емоциите на истите. Но доколку премногу се внесеме во тоа, може да дојдеме до момент кога ќе се изгубиме самите себе си.
Кога ќе се научите да уживате во вашето присуство, ќе се здобиете со подобра перцепција за вашите емоции. Односно, ќе добиете подобра претстава за она што ве прави среќни или тажни, и за она што го сакате или не. Доколку го имате ова сознание, верувајте дека многу подобро ќе можете да ги регулирате вашите емоции. Сето тоа ќе го постигнете доколку успеете да се разберете, а ќе се разберите едино доколку малку време поминете сами со себе.


4. Ќе почнете да уживате во работи кои ги сакате
Кога се дружиме со поголема група на луѓе обично сме принудени на компромиси за да се најде решение во кое цела група ќе може да ужива. Нажалост не секогаш вашите желби ќе бидат задоволени. Затоа да се биде сам значи дека ви се отвора можноста да го правите сетоа она што вие го посакувате, без некој да ве ограничува, и без да бидете принудени на работи кои понекогаш и не ви одговараат. Ова е одлична можност да го правите она што го сакате и ве прави среќни.

5. Ќе станете попродуктивни
Многу често компанијата од останатите не одвлекува на некоја друга страна како што е забавата, спротивно од продуктивноста. Факт е дека друштвото може да не одвлече од сработување на работата која ја имаме. Кога сме сами е најдобро да се  посветиме на одредена работа, бидејќи тогаш можеме да го дадеме нашиот максимум во она што сакаме да го сработиме.

6. Ќе им дадете повеќе важност на врските со другите луѓе
Откако веќе ќе се навикнете да уживате и кога сте сами, ќе сфатите дека врската со другите луѓе сепак е од големо значење за сите нас. Самотијата не тера сите да се научиме да ги цениме луѓето околу нас и сето она што тие ни го нудат. Било да е тоа само нивното време посветено за нас.

7. Ќе почувствувате поголема независност
Со тоа што ќе се научите да уживате кога сте сами, ќе станете и посамоуверени. Едноставно ќе стекнете доверба во самите себе си, што на крај резултира и со зголемена независност од другите луѓе. Така ќе ја намалите и желбата постојано да сте опкружени со луѓе, или едноставно ќе го изгубите стравот од тоа да се биде сам. Независните луѓе се и обично похрабри и спремни за предизвиците кои ги носи животот.

8. Ќе се одморите од потребата да ги правите другите луѓе среќни
Целиот наш живот е исполнет со врски и испреплетени меѓучовечки односи, а повеќето од нив опстојуваат се дур двете страни на една врска се задоволни и среќни. А со потребата нашите партнери или роднини да ги направиме среќни може ненамерно да заборавиме на сопствената среќа. Па така кога сте сами барем можете целосно да се посветите на вашата среќа. Сфатете дека како единка вие сте најбитни и никој друг. Вистинската среќа на луѓето доаѓа од самите нив!

9. Ќе престанете да велите "извини"
Кога сте сами сфаќате дека нема потреба никому да велите извини за она што сте го сторил. Многу често се случва да од нашите постапки некој е повреден, и тогаш се јавува чувството на вина кое не тера да се извинуваме. Се чувствуваме грешни, но никој не е достоен да ни суди.

10. Ќе престанете да барате признанија
Денес многу се ретки оние на кои туѓото мислење не им е битно. Напротив цело време дејствуваме се со цел да бидеме признаени од општеството во кое живееме и од луѓето кои не опкружуваат. Но, кој би знаел повеќе од нас самите што е добро за нас? Доколку се научите да живеете и да уживате сами, признанијата од другите па и немаат големо влијание врз текот на нашиот живот. Секој еден човек треба да го изнајде патот по кој ќе чекори и ќе биде задоволен лично тој. Задоволството е само наше, мое, твое. Научете се да донесувате одлуки базирани врз вашата сопствена интуција. Тогаш би знаеле дека наградата која ќе ја добиеме е лично наша, без сомнеж дека некој друг е заслужен за тоа. 

извор: www.themindunleashed.org/