Header Ads

10 мистериозни фотографии за кои сеуште нема објаснување

Сфатив дека веќе доста често среќавав постови со ваква содржина, па затоа денес ќе и посветам малку внимание на мистеријата. Ова се неколку стари фотографии кои навидум не изгледаат како ништо посебно, но доколку ја проанализирате подобро секоја од нив ќе сфатите дека нешто не штима. Еве за што станува збор.
1. Babushka Lady - Дамата Бабичка
Babushka lady претставува синоним за една стара жена која за време на атентатот на претседателот Џон Кенеди во 1963 година, била присутна и била фатена во кадарот на неколку фотографии. Се претспоставува дека оваа жена има направено слики точно кога Кенеди бил застрелан. Оваа жена го носи овој надимак поради тоа што носела марама на главата која потсекала на старите руски бабички. Докажано е од присутните дека таа имала камера, исто така постојат и повеќе слики од различни фотографи направена во тој момент. Но, слики од нејзината гледна точка никогаш не излеле, ниту пак индентитетот на оваа жена бил утврден. 
2. Hessdalen Phenomen - Светлината во Хесдален
Овде станува збор за необична светлина која се појавува во долината Hessdalen во Норвешка. Ваквата светлина за прв пат била забележана во 1940 година, но најактивно се појавувала од 1981 до 1984 година, од 15 до 20 пати во неделата. Во последниве неколку години е забележана околу 10-15 пати во годината.  Оваа светлина најчесто е бела или жолта, не се знае кој е нејзиниот извор и лебди над земјиното тло. Постојат повеќе претпоставки која е причината за појавување на оваа светлина, но најнова е теоријата дека станува збор за природна  енергетска "батерија" која се наоѓа длабоко во земјата, а е создадена од металните минерали и сулфурната река која тече во тоa подрачје.


3. Hook Island Sea Monster - Животното кај островот Хук
Овде станува збор за животно кое е фатено на слика во 1964 година во водите покрај островот Hook (Хук) - Австралија. Сликата е направена од страна на Robert Le Serrec и неговата фамилија. Во водата се гледа монструмно суштество со долга опашка. Многумина мислеле дека оваа слика е изработена да изгледа така, но да не заборавиме дека во декември во 1964 година не  постоел Photoshop. Сликата што се наоѓа од лево е всушност модифицирана, додека вистинската фотографија можете да ја погледнете подолу.
Ова суштество е забележано во подлабоките води на дното од морето. Овие луѓе дури влегле и во водата за да направат подобри фотографии, но на почеток животното стоело мирно, а потоа брзо направило движење со устата и заминало. Било долго околу 25 метри.
Од десната страна на неговата опашка забележале голема рана, очите му се наоѓале на врвот на главата разделени од муцката, бојата му била црна со кафеави линии и мазна текстура. Кај животното не биле забележани никакви перки, ниту пак заби во неговата бела уста.













4. Solway Firth Spaceman - Човекот од вселената
Оваа фотографија е направена во 1964 година во Англија од страна на Jim Templeton.Тој тврдел дека кога ја правел фотографијата во позадина немало никој, а ова изгледа како човек во астронаутска униформа. За оваа слика на почетокот се појавил доста голем интерес. Но сепак некои сметаат дека тоа е само сопругата на овој човек, а поради светлината изледа како астронаут.











5. Watertown Ghosts - Духовите на бродот Ватертаун


На оваа фотографија се имаат појавено двата лика на бивши работници на бродот Watertown.James и Michael ги чистеле контењерите за складирање нафта во декември 1924 година кога бродот пловел од Њу Јорк кон Панамскиот канал. Но, за несреќа овие луѓе се угушиле од гасовите и починале. Обичајот бил таков што и двајцата морнари биле фрлени во водите близу Мексичкиот брег.
Сепак, ова не било последното нешто од James и Michael. Наредното утро еден од морнарите пријавил дека како што пловел бродот на едната страна во водата се појавувале ликовите на нивните веќе починати колеги. Истото било потврдено и од другите членови на екипажот. По пристигнувањето во Њу Орлеанс, капетанот на бродот го пријавил случајот на неговите работодавци, а тие го натерале да им донесе докази за тоа. Тој направил 6 фотографии од кои само на последната навистина се гледале ликовите на починатите луѓе. По ова екипажот на бродот бил сменет целосно и потоа немао никакви пријави за ликови од духови во водата.
6. Black Knight Satellite - Сателитот Црн Витез
Black Knight (Црниот Витез) е сателит кој кружи околу Земјата близу поларната орбита. За овој сателит се претпоставува дека е околу 13 000 години стар и дека е со вонземјанско потекло. Некои пак веруваат дека само станува збор за неусогласени приказни.
Некои автори тврдат дека постои поврзаност помеѓу одложеното ехо и извештајот на Никола Тесла дека собрал сигнали за кои тврдел дека доаѓаат од вселената. Ова се случило во 1899 година. Овој сателит за прв пат се споменува во 1954 година кога американските воздухопловни сили изјавиле дека биле пронајдени два сателити, а до тогаш ниту еден сателит не бил пуштен во вселената од наша страна.
7. Cooper Falling Family - Фамилијата Купер
Во 1950 година фамилијата Купер купиле нова куќа во Тексас и се вселиле во неа. На нивната прва вечер таткото направил фотографија од децата, жена му и бабата. Но, откако ја извадиле фотографијата биле запрепастени. На неа се наоѓал човек кој виси. Од каде се појавил истиот не се знае.
Сепак од истражувањето што го направив, сфатив дек станува збор за лажна фотографија. Дури ни за приказната не е сигурно дека е точна. За фотографијата се смета дека е модифицирана во 2013 година.
8. Geophone Rock Anomaly - Пирамидите на месечината
Оваа фотографија била направена од страна на Аполо 17 близу т.н Геофон камен, за време на последниот лет до месечината. Оваа слика најпрво мислеле дека е неуспешна фотографија, но потоа забележале дека на истата се приметува фигура која наликува на пирамида.9. Goddard's Squadron Photograph - Фотографијата од учесницие во ПСВ
На оваа фотографија се наоѓаат офицери и војници кои учествувале во Првата Светска Војна. Но, на сликата се појавил и ликот на воздухопловниот експерт Freddy Jackson кој бил убиен два дена пред да биде направена оваа фотографија, а истата била направена на денот на неоговиот погреб.
10. Elisa Lam - Мистериозното изчезнување на Елиса 
Ова е последната фотографија од девојката Elisa Lam. Оваа девојка била со канадско-азиско потекло, која студирала во Лос Анџелес, а ова е фотографија направена во хотелот Cecil каде што 21 годишната девојка престојувала. 
Во јануари 2013 година присутните гости пријавиле дека водата која ја пијат е премногу гадна и има чудна миризба. Па така задолжените морале да се качат на кровот и да ги проверат контењерите со вода, а таму ја понашле мртвата децојка. Утврдено е дека нејзиното тело престојувало во водата околу 2 недели. Но, она што не е јасно е како оваа девојка воопшто стасала до кровот и како влегла во тие резервари со вода. Уште понејасно е што девојчево прави на видеово. Постојат сомнежи дека во овој случај сепак се вмешани некакви надприродни сили. Погеднете го видеово.