Header Ads

Што ќе Ви се случи доколку престанете да пушите?

Иако многумина не ги знаат последиците од пушењето, сепакт факт е дека од оваа активност не произлегува ништо позитивно во однос на здравјето. Ако во моментов имате цигара во устата, изгасете ја! Доколку го направите ова, во овој момент, Вашето тело ќе помине низ чудесни промени, почнувајќи само после 20 минути.

- За околу 20 минути крвниот притисок и пулс се враќаат во нормала, а телесната температура во рацете расне;
- За околу  до 12 часа нивото на карбон моноксид во крвта се враќа во нормала;
- За 24 часа ризикот од срцев удар се намалува;
- За 40 часа нервните завршетоци почнуваат да се обновуваат, а осетот за мирис и вкус се зголемуваат;
- Помеѓу 2 и 3 месеци од престанокот на пушење цигари циркулацијата се подобрува, движењето станува полесно, кашлањето и рчењето при дишење се се поретки, за 3 месеци функцијата на белите дробови се подобрува;
- За 1 година се намалува ризикот од хронични заболувања;
- За 10 години се намалува ризикот од секаков вид рак!

Покрај сите здравсвени бенефити, исто така се заштедува и многу голема сума на пари, како и се намалува негативното влијание во општеството. Вратете си го здравјето!