Header Ads

Како полесно да се откажете од цигарите?

Не секој пушач е заинтересиран да ги остави цигарите, но за оние кои сакаат да успеат во тоа, воведувањето на некој режим во исхраната може да е добредојден.
Истражувањата покажуваат дека доколку јадете повеќе овошје и зеленчук, полесно ќе се ослободите од зависноста од никотин.
Во една студија од страна на University of Buffalo,  биле анкетирани 1000 пушачи на возраст од 25 години и постари. Потоа биле испитувани дали барем малку нивната зависност од никотин се намалила.
Оние што повеќе конзумирале овошје и зеленчук покажале три пати помала зависност во однос на одние кои ги конзумирале овие состојки во помали количини. Оние кои јаделе повеќе овошје и зеленчук пушеле помалку цигари дневно и чекле да помине повеќе време пред да ја запалат нивната прва дневна цигара. Дури утврдено е дека оние кои ги оставиле цигарите во првите шест месеци конзумирале многу повеќе овошје и зеленчук од вообичаено.

Но како овошјето и зеленчукот помагаат при одвикнување од никотинската зависност?

- Се создава помала никотинска зависност;
-Високо влакнестата содржина на овошјето и зеленчукот даваат чувство на заситеност, а пушачите многу често ја мешаат гладта со потребата за никотин;
- Наспроти алкохолот и кафетинот, овие намирници го уништуваат "слаткиот" вкус на цигарите.
Откажувањето од навикаа за пушење може да биде многу тешка, но сепак прочиајте и исттражете за бенифитите од престанокот на конзумирање на цигари.