Header Ads

Ебола! - Овој вирус сепак некаде постои!

Во периодов во светот се поактуелна станува болеста позната како Ебола. 
Оваа болест се појави во март 2014 година со неколку случаи во Гвинеа. Од тогаш бројот е пораснат на 909 потврдени случаи и околу 400 сомнителни случаи во Гвинеа, Сиеар Леоне, Либерија и Нигерија. Во моментов задолжените за оваа болест се трудат да го ограничат ширењето на истата.
Проблем за утврдување на болеста е тоа што кај заболените се потребни помеѓу 2 и 21 ден пред да се покажат првите симптоми на еболата, што е причина властите да не можат да го спречат трансферот на потенцијални носители на вирусот од една земја во друга. Едино што е позитивно е тоа што е утврдено дека вирусот не може да се прошири во авион, освен ако патниците не дојдат во контакт со телесните течности од заразен човек.
Некои доктори еболата ја сметаат како една од "најсмртоносните болести во светот". Смртноста е околу 90%, а успеала да се намали на 55% при навремено идентификување на истата.

Што претставува еболата?

Таа предизвикува вирусна хеморагична треска, која опфаќа група вируси кои напаѓаат повеќе органи и системи во телото и често е придружена со крварење. Името го добила од реката Ебола во Конго, каде болеста прв пат е регистрирана во 1976 година. Првите симптоми кои се појавуваат се треска, изнемоштеност, болки во мускулите, главоболка и воспалено грло кои се појавуваат од 2 до 21 ден по инфекцијата. Ова се истите симптоми кои се појавуваат и при маларија, менингитис и чума.
На заболените им се појавува црвенило по кожата и во очите, болки во градите, проблеми со дишењето и голтањето и икање. Подоцна симптомите еволуираат во повраќање, дијареа, проблеми со бубрезите и црниот дроб и внатрешно и надворешно крварење. Оваа болест може да биде потврдена само со 5 лабораториски тестови.
Во однос на лекување на болеста не постои конкретна терапија, туку заболените се изолирани и се одржуваат во живот. Потребно е да се одржи нивото на течноста во телото на заболените, да се одржува потребното ниво на кислород и крвниот притисок. А докторите се во можност само да дадат терапија против компликување на инфекцијата. На заболените им се препорачува да носат непропустлива наметка и ракавица, и да носат заштита на лицето во форма на очила и маска на устата и носот.

Како се шири?
Претпоставка е дека лилјаците се природни носители на ебола вирусот во Африка и дека го пренесуваат истиот на другите животни. Луѓето пак се заболуваат преку контакт со телесните течности од заразените животни или луѓе.
Иако вирусот може да преживее неколку дена само во течност, надвор од заразен организам, тој може да биде уништен со топлина, директна изложеност на сонце, хлор, сапун и детергенти. Вирусот обично се шири во реони каде болниците не се грижат доволно за спречување на инфекциите и имаат ограничен пристап до чиста вода.
Погледнете го видеото доколку навистина сакате да видите каква е оваа болест!