Header Ads

Што е она што сите треба да го постигнеме?

Без разлика каде и да сме, што и да правиме, што и да ни се случува, сепак сите тежнееме по среќата. Но,трајната среќа доаѓа од внатрешноста на секој човек, затоа и треба да се обрне повеќе внимание на "внатрешните", а не на "надворешните" цели. Подолу следи споредба на истите.

Внатрешни цели
* Даваат чувство на реализираност и среќа, бидејќи ги задоволуваат вродените психички потеби, како што се креативноста и личната награда
* Овозможуваат да се развиваме како личност, бидејќи не зависиме од туѓото мислење и одобрување за да ги почувствуваме среќата и задоволството.
* Даваат чувство на компетентност и контрола над личниот живот, бидејќи се фокусираме на она што е правилно за нас.

Надворешни цели
* Ја трошат нашата енергија, бидејќи тогаш работиме на постигнувањето на нештати наметнати од семејството или општеството.
* Не тераат да реализираме  одредени идеали - финансиски успех или општествено признание, кои ќе ни овозможат да се вклопимево општеството.
* Отежниваат да се прифатиме себе си такви какви што сме.

Кон што треба да целиме?
 Вреднување на животот, да учиме постојано, да ги бираме пријателите мудро, да го правиме она во што уживаме, простување, благодарност, безусловна љубов, оптимизам, грижа за самите себе си, превземање одговорност!