Header Ads

Од вештерките со метла и нивните психоделични патувања до креирањето на LSD


Сте се запрашале ли некогаш зошто вештерките се претставени со метла која ја користат за летање? И каква врска воопшто има метлата со вештерките? Па почитувани, ќе Ви кажам дека метлава е поврзана со лебот, поконкретно 'ржаниот леб и халуциногените габи кои растат од него наречени Ергот.

Во периодот на Средниот Век и Ренесансата лебот во Европа се правел од 'рж. Габата Ергот што расне во 'ржаниот леб, доколу се зема во високи дози може да биде смртоносна, но сепак во умерени количини предизвикува халуцинации и се смета дека е одговорна за "танц манијата" која постоела од 14 до 17 век. За време на овој период луѓето танцувале по улиците, зборувале глупости и често се онесвестувале на патот течејќи им пена од устите. Ергот габата со векови се користела како халуциногена супстанца, а во 20 век Алберт Хофман ја синтетизирал и го создал LSD-то.

Можеби потрагата по психоделично искуство е само дел од човековата природа, луѓето користеле халуциногени супстанци наречени тропана алкалоиди кои се добивале од различни растенија и имале слични ефекти како LSD. Според фармакологот Давид Крол во овој период биле измислени голем број на масти, течности, многу магии и вештерства. Сепак, луѓето од минатото биле доволно паметни да сфатаат дека доколку орално ги конзумираат тие халуциногени состојки се соочуваат со многу несакани ефекти како што се гадењето, повраќање и иритирање на кожата, и дека сето ова може да се избегне доколку состојките се апсорбираат преку кожата избегнувајќи ги притоа брзиот метаболизам на црниот дроб и непријатностите во цревата што следат. Најфикасно за апсорбирање на овие психоделични супстанци биле пазувите и гениталиите. Па така овие стари "трипер" ги позајмувале своите домашни алатки кои ги премачкувале со нивните психоделични масти. Jordanes de Bergamo во 15-от век изјавил:

"Но, вулгарното верување, и признание од вештерките, е дека на одредени денови или ноќи, ги подмачкуваат метлите или своите пазуви и гениталии и патуваат до назначеното место"

Дали овие супстанци навистина биле халуциногени би требало да истражиме подлабоко во минатото, сепак концептот на "летање" на метла добива сосема ново значење откако низ глава ќе Ви помине жена со намачкана метла со психоделични супстанци за триење на нејзините пазуви и вагина! Покрај се, и денес "летањето" се користи како синоним за психоделични искуства. Професорот Крол изјавил и дека тропана алкалоидите предизвикуваат спиење, проследено со летање, диви вожњи и танцувања.
Што ли правеле овие жени во минатото сепак останува мистерија, ова е само една теорија. Факт е дека во тој период многу жени биле прогласени за вештерки и биле живи горени на клада или малтретирани и убивани на многу брутален начин. Биле осудувани дека склучуваат пакт со Ѓаволот и ги изневеруваат своите мажи, а за жените сето тоа се должело на импотентноста и незадоволството од нивните мажи.