Header Ads

Приказната за Halloween.

За некој ден се приближува светски познатиот празник Halloween, или како што ние македонците би рекле Ноќта на вештерките. Сите сме свесни дека тоа е некој католички празник кој е доста популарен во целиот свет  и се повеќе култури го прифаќаат во своето општество, не како празник кој нешто претставува, туку како ден во кој сите имаат можност да ја изразат својата креативност преку маскирање и влегување во некоја необична улога. Но овој ден зад себе има историја и значење, а верувам и дека ретки се оние кои знаат зошто овој празник се прославува.
Happy Halloween
Halloween е празник кој се слави ноќта на 31 Октомври. Зборот Halloween е кратенка од All Hallows' Evening, што во буквален превод и не би знаела како да го преведам. :)
Традиционалните активности на овој ден вклучуваат trick-or-treat, огнови, маскирање, посета на опседнати куќи, уште познати како куќи на стравот и резбаните тикви познати како jack-o-lantern. Во 19 век Ирците и Шкотите пренеле дел од традицијата во Северна Америка, а другите западни земји (Ирска,САД,Канада, Пуерто Рико,велика Британија), како и Австралија и Нов Зеланд целосно го прифатиле овој празник во доцниот 20 век.
Овој празник своите корења ги влече уште од античкиот келтички фестивал познат како Сахвин (Samhain), кој претставува прославувањ на крајот на сезоната зa берење, прибирање на залихите и припремање за зимата што доаѓа. Келтите кои живееле пред 2000 години на областа на денешна Ирска, Велика Британија и северна Франција, ја прославувале новата година на 1 Ноември и верувале дека 31 Октомври ја претставува границата помеѓу светот на живите и мртвите, и дека потоа доаѓа периодот на катастрофите и болестите за луѓето и плодовите кои ги одгледуваат.
Како што споменавме фестивалот вклучува огнови. Келтите на овој ден палеле огнови околу кои се собирале да ги печат своите собрани плодови и да принесуваат животни како жртви на боговите.Маските и костимите биле носени за да се имитираат злите суштества или за да склучат мир со истите.
Trick-or-treat  е активност изведувана од страна на децата кои на овој ден одат од куќа на куќа маскирани и ги повикуваат домарите со прашањето "Trick or treat?", со што истите треба на децата од своето соседство да им поклонат некои колачиња и бонбони, во спротивно следи некоја закана за нив. Мавање со јајца, кршење на прозорци или покривање на нивната куќа или двор со тоалетна хартија. Ова е еден од најпрепознатливите обичаи за овој празник.
Trick-or-treat
Верување е дека на овојо ден злото чекори помеѓу нас. Затоа постојат и суеверија како што е внимавањето патот по кој чекориш да не биде пресечен од црна мачка, бидејќи се верува дека вештерките за да се заштитад од луѓето се претварале во мачки. Исто така се верува дека на овој ден сме најблиску до нашите блиски кои не напуштиле па затоа на масата на која се вечера се остава една додатна чинија, или пред вратат се оставаат колачиња за нашите починати пријатели и роднини. На овој ден исто така внимавајте да не скршите огледало, или да не истурите сол, како изговор дека следи несреќа.