Header Ads

8 брендови со скриени пораки во своето лого

Несомнено светските брендови имаат уникатни и препознатливи логоа, кои претставуваат и синоним за самата компанија. Но, секое лого со себе си носи некоја приказна. 
1. Трите елипси што се наоѓаат во логото на Тојота претставуваат три срца: срцето на клиентите, срцето на производот и срцето на прогресот во полето на технологијата.










2. М во McDonald's и нема некое посебно значење.Во 60 оваа компанија сакала да го промени своето лого, но нејзиниот дизајнер и психолог Louis Cheskin инсистирал златната М да остане како симбол на ''пар негувани гради". Без разлика дали ова е вистина или не ова лого е едно до најпрепознатливите во целиот свет.










3. На почеток се забележува зборот VAIO, но доколку се анализира малку подетално може да се забележи дека првите две букви претставуваа аналоген бран, а вторите две букви односно IO претставуваат дигитален бинарен код. На овој начин Timothy Hanley ја претставува интеграцијата помеѓу аналогна и дигиталната технологија.





4. Доколку погледнеме во она што е претставено со розева боја, може да се увиди бројот 31. Овој број го претставува бројот на вкусови кои оваа компанија за сладолед го нуди.



















5. Логото на Mitsubishi е вкоренете длабоко во историјата. Tоа престставува комбинација од трилисниот срт на кланот Тоsа, сртот од три дијаманти на кланот Iwasaki. Дијамантот претставува доверливост, интегритет и успех. А зборот Mitsubishi се преведува како Mitsu- три, hishi-вид водено растение што се користи во Јапонија, а претставува и симбол за дијамант.

6. Ова лого крие две пораки. Прво се одликува со N и W во негативен простор. Второ, триаголникот во кругот покажува на северозапад како да е компас.






7. Кога првично ќе погледнете во логото на Амазон, стрелката изгледа како смајли, што дава импресии дека Амазон има за цел да ги направи среќни своите клиенти. Но, суштината е во тоа дека стрелката оди од A до Z, односно дека истиот нуди најразлични производи за своите клиенти.Или што би рекле ние, од А до Ш.
8. Доколку се обрне поголемо внимание на буквата О во логото на Coca-Cola може да го видите и знамето на Данска. Ова не било првичната намера во никој случај. Но, откако е откриено дека О-та наликува на знамето на најсреќната земја во светот, Coca-Cola поставиле медиа штанд на аеродромот во Данска и ги поздравувале со знаменца оние што пристигнуваат .