Header Ads

Убавата Шкотска

Шкотска е дел од големото кралство Велика Британија и се наоѓа северно од Англија. Но, која е историјата на оваа држава?
Во првиот век од новата ера Римјаните го контролирале поголемиот дел од Британија, но откако имале проблеми со дивото племе од северот тие изградиле ѕид кој територијално ги издвојувал шкотланѓаните. 
Во Средниот век, 1290 година на кралот  Хенри I му се спротиставува познатиот шкотланѓанец Вилијам Волис, и е првиот човек кој успеал да ги понесе шкотланѓаните во борба за нивната слобода. Три века подоцна во 1603 година, по смртта на кралицата Елизабета I, таа немала на кого да го остави претстолот, па така на нејзино место доаѓа нејзиниот братучед шкотланѓанецот Џејмс VI, кој станува крал на Шкотска и Англија. Во 1707 година Шкотска се соочува со економски проблеми, затоа се соединуваат со Англија и ја формираат Велика Британија, и од тогаш се едно од најголемите кралства во светот.
Во 1999 година Шкотска го реоформува својот парламент во главниот град Единбург, кој броел вкупно 129 членови кои го контролирале образованието, опкружувањето, правдата и агро-клтурата. Парламентот пак во Англија кој брои 55 шкотски членови ги контролира економијата и надворешните работи бидејќи Шкотска нема сопствена валута. Три години подоцна шкотланѓаните го добиваат мнозинството во Шкотскиот парламент со што бил побаран референт за независност.
Еден од поинтересните филмови за борбата на шкотланѓаните за нивната слобода е BraveHeart (Храбро срце). Дејството се одвива во средниот век, на чело со горе споменатиот Вилијам Волис. 


Погледнете го траилерот за Braveheart

Фотографии од убавините на Шкотска