Header Ads

Уникатните изреки на Курт Кобеин


Поминаа веќе 20 години од смртта на овој уметник, но неговиот глас сеуште се слуша. Овој човек поминал тешко детство, и тежок живот, и покрај неговата голема слава. Исполнет со меланхолија и емпатија создал музички дела кои ќе се слушаат уште многу генерации. За некого Курт Кобеин, главниот вокал на некогапната Нирвана, претставува генијалец. Денес издвојуваме неколку негови изреки.

- Пријателот не е ништо друго освен познат непријател.

-Попрва би сакал да ме мразат поради тоа што сум, отколку да ме сакаат поради тоа што не сум.

-Немаме право да изразуваме мислење се додека не ги знаеме сите одговори.

-Кога моите очи би можеле да ја покажат мојата душа, сите би плакале кога би ме гледале како се смеам.

- Ако некогаш ви притреба нешто, ве молам немојте да се двоумите прво да прашате некој друг.

-Ви благодарам за трагедијата. Потребна ми е за мојата уметност.

-Луѓето ми се смеат затоа што сум различен. Јас им се смеам затоа што се сите исти.

-Посакувам да бев како вас, лесно да се забавувам.

-Посакувам да чувствувам предрасуди кон луѓето со предрасуди.

- Ако умреш ти си целосно среќен и душата продолжува да ти живее некаде. Не се плашам од умирање. Целосен мир по смртта, станување некој друг е најдобрата надеж што ја имам.

-Срцето ми е скршено, но сепак имам малку лепак.