Header Ads

5 интересни блогови кои ќе го исполнат Вашето слободно време


Светот се менува, се менуваат и начинот на живот и работење. Многумина од слободното време го поминуват на интернет. Во нашето општество повеќето едноставно го минуваат своето време на Facebook анализирајќи што се случува со другите луѓе, прибирање на информации, релаксирајќи се со занимливи постови или едноставно надоградувајќи го своето знаење. Но западната цивилизација е голем чекор нанапред.
Се повеќе станува атрактивна работата од дома, или од било кое место во светот, а сепак правејќи пари. Интернетот стана незаменлива алатка во секојдневното живеење. Постојат многу милиони веб сајтови и блогови, кои на свој уникатен начин се обидуват да допрат до публиката. Да станат популарни, да ја зголемат посетеноста на своите страни, а со тоа и да остварат приходи. Нека ви текне на Кери Бредшоу во Сексот и градот, која уште во 1999 година го владееше Њу Јорк, и стана една од најуспешните блогерки. Да дека тоа е само серија, но секое дело се базира врз реалност. 
Денес издвојуваме 5 блогови кои ќе Ви помогнат квалитетно да го поминето Вашето слободно време на Интернет.

1. Think simply now.  Овој блог е создаден од Тина Су која очигледно го познава моделот за успех. Со голема педантност и естетика во нејзините постови создала блог кој верувајте ќе го задржи Вашето внимание. Нејзините постови опфаќаат повеќе области почнувајќи од едноставна рекреација, до медтација, начин на живот и креативност. На овој блог можете и да најдете теми од секојдневниот живот, и одговор за режавање на проблемите со кои секојдневно се соочуваме.

2. Higher Perspective.  Конектирај се, откриј, надмини е слоганот на овој блог. На овој блог можете да најдете постови кои опфаќаат уникатни теми како што се здравје, природа, мистерии, наука, спиритуалност. Најмногу привлекуваат постовите за спиритуалната надргадба на луѓето.

3. Scott H Young. Овој 21 годишен дечко веќе на 21 година успеал со помош на овој блог да се обезбеди финансиски иако сеупте нема завршено факултет. На овој блог ја обработува темата како да извлечете повеќе од животот.

4. Change your thoughts, change your life. Овој блог е исполнет со инспиративни и мотивирашки цитати и мисли, како и деобри електронски книги. Постовите обработуваат теми кои даваат одговор на многу животни прашања и водена медитација. Вреди да се погледне.

5. Nina Beader's Blog. Приватен блог на една малда и амбициозна девојка од Скопје, Христина Беадер. Блогот е поврзан со модата и стилот на оваа девојка, која на свој сопствен и уникатен начин го пренесува нејзиниот поглед на комбинирање на модните детали, а со тоа создава и голема оригиналност во она што го прави. Девојки овој блог ќе го задржи вашето внимание, проверете зошто.